Пчелари внимавајте кому плаќате закупнина

Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта.

 |  Валентина Неловска  | 
пчелар
пчелар

Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта. Порачуваат пчеларите да не плаќаат закупнина ако фактурата не е со лого и печат од ЈП за стопанисување со пасишта. Претседателот на Комсијата за издавање на користење на пасишта, при ЈП за стoпaнисување со пасишта, Амир Беџети ги предупредува пчеларите од можни измами.  

пчели„ Им ставаме дознаење за можни злоупотреби. Надоместокот се плаќа само на ЈП за пасишта утврден со тарифник и се плаќа вирмански на жиро сметка.
Таа е целта да бидат информирани и да се обратат до подрачните единици на претпријатието“, сугерира Беџети.  
 
Беџети објаснува дека регулирањето на користење на површините пчеларите може да го направат во подрачните единици на јавното претпријатие. Подрачниот инспекторат е со седиште во Дебар и има ингеренции за подрачјето на Охрид и Струга. Од таму  објаснуваат  дека само двајца охридски пчелари досега се евидентирани како корисници  за паша на пчели на државно земјиште. Досега инспекторатот од ова претпријатие нема испратено ваква фактура  до пчеларите. Давачката пашарина за пчеларите  е воведена од 2007 година  со Законот за пасишта. Законодавецот предвидел тарифа според која годишната  закупнина е во висина од 20 денари од метар квадратен. Засега нема евиденција колку од охридските пчелари користат државно земјиште за поставување на сандаци со пчелни семејства. Инспекторите по земјоделие, а наскоро најавуваат јавен поив до пчеларите за д аја утврдат фактичкаат состојба.
сандаци
Пчеларите ќе треба да се пријават во подрачната единица на миснистретвото за земјоделие заради евиденција какво земјиште користатза поставување на сандаци. Со тоа ќе се скенира состојбата и ќе се добие прецизна бројка колку пчелари користат државно земјиште.

Понатака според тие информации државата ќе  спроведува јавен оглас со кои  парцелите ќе ги  издава под закуп на пчеларите каде предност ќе имаат пчеларите кои веќе имаат сандаци на државно земјиште.

ТВМ го  контактираше и Здружението на пчелари од Охрид, кое за жал не функционира. Некој од пчеларите само  кратко коментираат дека се препуштени сами на себе, немаат точен податок колкав е бројот на пчеларите  кои се дел од Здружението. Калкурираат со број од некаде 30-тина пчелари, ама не знаат кој какво земјиште користи за поставување на пчелните сандаци. Не се запознати ни со податокот дали  некои од пчеларите добиле налог за плаќање на закупнина за користење на државното земјиште.   

{laodposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top