ВМРО ДПМНЕ: Владата направи потег во интерес на развојот на Охрид

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид го поздравија потегот на Владата за доделување на градежното незиградено земјиште во сопственост на државата на управување на Локалната самоуправа на Охрид.

 |   | 
лого
лого

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид сметаат дека чинот на Владата за доделување на градежното земјиште на менаџирање на локалната самоуправа значи спроведување на децентрализацијата како процес. А тоа што овој процес се случува дури сега а не порано, според нив, е резултат на неодговорноста и неспособноста на локалната власт која со години го блокирала развојот на Охрид.

„Охрид согласно законските норми ќе треба квалитетно отсега да управува со градежното земјиште и преку тоа да обезбеди квалитетен развој на Општината во иднина.Но довербата во оваа сегашна Локална самоуправа во Охрид на СДСМ и во овој Градоначалник Петрески е сведена на минимум. Знаејќи со каков очаен менаџерски потенцијал располага Локалната во моментов на раководни места, знаејќи го коруптивниот и криминоген начин на размислување на Градоначалникот на Охрид Петрески и на раководните лица од Локалната и знаејќи дека единствено што знаат е само личниот интерес , ги потсетуваме да не си поигруваат со Охрид како што прават 8 години , да не направат нови и штетни и непоправливи одлуки во однос на Охрид како што прават досега и да не ја уништата иднината за развојот на Охрид затоа што и досега доволно му наштетиле на Охрид.„ -стои во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top