Општина Охрид самостојно ќе управува со градежното неизградено земјиште

Општина Охрид од денес и официјално го презеде процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија.

 |   | 
lokalna
локална

локалнаОпштина Охрид од денес и официјално го презеде процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Ова беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за транспорт и врски. Со оваа одлука на Владата , локалната самоуправа на Охрид се здобива со правото да отуѓува и дава под закуп неизградено државно градежно земјиште на територијата на општината.

„Со оваа одлука се потврдува дека Владата на Република Македонија работи објективно и транспарентно, врз основа на законските прописи и со тоа паѓаат во вода обвинувањата дека определени процеси се блокираат на партиска основа.“ изјави министерот Миле Јанакиески.

Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат предвидените услови можат да ги водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.
Овие услови предвидуваат општините да имаат:
– развиено и усвоено годишна програма за управување со државно градежно земјиште;
–  да имаат минимален број на лиценцирани општински службеници;
– да имаат воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за јавно електронски наддавање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top