МЗШВ: Oгласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Охрид и Струга се меѓу градовите за кои министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп.

 |   | 

Охрид и Струга се меѓу градовите за кои министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп.

Истите ќе бидат објавени по завршувањето на изборите за претседател на Република Северна Македонија и на локалните избори за избор на градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

Се работи за јавни огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до и над 3 хектари, во повеќе региони во државата. На јавните огласи земјоделците ќе може да конкурираат за добивање на државно земјоделско земјиште за земјоделска обработка на едногодишни и повеќегодишни земјоделски култури.

На огласите е планирано да се објави вкупна површина од над 15.000 хектари во повеќе региони и тоа: Битола, Валандово, Виница, Велес, Делчево, Демир Хисар, Гевгелија, Крива Паланка, Кичево, Куманово, Кавадарци, Кочани, Крушево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Тетово, Струга, Охрид, Прилеп, Штип и други региони.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top