Ознака: засега

ski centar

Засега нема компанија која што е блиску до реализација на проектот за ски-центарот на Галичица

Post Views: 2 Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам. „Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до реализација...

Continue reading

Семејството Илбер засега останува во својот дом

Post Views: 12 Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца засега нема да ја напуштат бараката во која живееле 15 години. Иако пред една недела добија решение за иселување, директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести. Нема да ги иселиме за осум дена. Ние многу пати досега сме пуштиле вакви решенија, но не сме ги иселиле. Преовладуваат човечките и хумани чуства, но ова е само за некое време, можеби да ја поминат зимата бидејќи од таа...

Continue reading

sneg

Сообраќајот без прекини и покрај снегот

Post Views: 0 Снежните врнежи засега не предизвикуваат прекини во железничкиот и авиосообраќајот низ државава, додека патниот сообраќај се одвива забавено. Според Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, но во зимски услови. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Од Меѓуградската автобуска станица во Скопје велат дека пристигнувањето и тргнувањето на автобусите се одвива без големи доцнења. Минимални доцнења, но без прекини, има и во домашниот и меѓународниот железнички сообраќај,...

Continue reading

Запира продажбата на автомобили во Русија

Post Views: 1 Џенерал Моторс (GM), кој во Русија има свои производствени погони, одлучил привремено да не прима уплати на купувачите, за да го намали ризикот на работењето и загубите. Во оваа компанија велат дека возилата од марките Шевролет, Опел и Кадилак кои се порано платени ќе бидат испорачани по договорената цена. GM сеуште не знаат кога ќе продолжат со продажба. Во исто време, Ауди исто така ја стопира продажбата на автомобили, додека производството во локалната фабрика во градот Калуга ќе биде прекинато во периодот од 22 декември до 12 јануари за време на новогодишните и божиќните...

Continue reading

granicen premin

Состојбата на граничните премини со Косово стабилна

Post Views: 1 Македонското МВР засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово, но ќе реагира ако има потреба. Минстервото за внатрешни работи засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово. Нема индиции дека може да има посериозни ризици, но подготвени сме да реагираме ако е потребно, изјави портпаролот Иво Котевски. Според зборовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажани викендов за косовските медиуми, ако се загрози суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, никоj не може да гарантира мир во Македонија. Новите...

Continue reading

poplavi

Охридскиот градоначалник ги посети и семејствата кои настрадаа во неодамнешните поплави

Post Views: 4 Градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници  посетија неколку поплавени објекти на улиците „ Стив Наумов“ , „ Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „ Сатеска“ во населбата Далјан.  Засега до ЛС нема пријави на граѓани кои бараат помош од сместување, рече Бакрачески. „ Сега засега нема побарано од поплавените но ако побараат ќе излеземе во пресрет и ќе најдеме сместување и за нив. После направените записници на штетите ќе донесеме одлука според која ќе бидат оштетни и поплавените од изминатите денови во Охрид“, кажа Бакрачески. Градоначалникот најавува дека ...

Continue reading

dzihadisti

Пет лица загинаа во напад во Саудиска Арабија

Post Views: 5 Кусо пред полноќ шиитите од селото Ал Далуа го празнувале празникот Ашура, во спомен на маченикот Хусеин, внук на пророкот Мухамед, убиен во седмиот век во Кербала. Од Саудиската полиција изјавиле дека за време на церемонијата три засега непознати лица отвориле оган со митрoлез и пиштоли, при што убиле пет лица и раниле деветмина. Шиитите претставуваат околу десет отсто од населението на кралството, во кое се практикува претежно сунитскиот ислам. {loadposition content9}  

Continue reading

benzin

Во охридските бензиски пумпи засега има гориво

Post Views: 7 Дел од бензинските пумпи во Охрид ги точат последните резерви на горива.  На двата патни правци  кон Охрид од Кичево и Битола има забрана за движење на тешки моторни возила и цистерни со што се доведува во прашање редовното  снабдување на охридските  бензиски пумпи со  гориво. Од Лукоил информираат дека засега точењето на гориво се одвива нормално, но се  трошат последните резерви. Три дена нивна цистерна чека во Битола  да се укине забраната за да донесат  гориво. Од компанијата велат дека ја следат  ситуацијата и  во првиот момент ќе интервенираат со вклучување на ...

Continue reading

kukjarki plostad

Каква ќе е судбината на дрвените унифицирани куќарки, кои минатата година беа поставени околу лизгалиштето?

Post Views: 4 Досега сеуште нема никаква информација за шесте унифицирани куќарки кои минатата година беа поставени на големиот градски плоштад околу лизгалиштето. На нив минатата година се продаваа суверини, греено вино и слатки. Годинава нив сеуште ги нема на градскиот плоштад. Засега барем четири од шесте куќарки се наоѓаат на градските гробишта каде служат за продавање на цвеќе и свеќи. Денес побаравме информација од локалната самоуправа за тоа дали овие куќарки повторно  ќе бидат поставени на истата локација како минатата година, или на некоја друга, што ќе се продава на нив...

Continue reading

Апликација која решава равенки

Post Views: 5 Апликацијата на хрватска компанија со која вашиот смартфон решава равенки предизвика големо интересирање на јавноста, вклучувајќи ги и медиумите како што се Time, Daily Mail, Forbes и многу други технолошки портали. Компанијата MicroBlink во понеделникот ја претстави апликацијата PhotoMath на конференцијата TechCrunch Disrupt Europe  во Лондон. Апликацијата функционира така што ја снимате равенката а апликацијата по само неколку секунди дава резултат. Апликацијата препознава само печатени бројки, но не и со рака напишани. Засега е достапна само за iOS и Windows оперативните...

Continue reading

dom

Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.

Post Views: 4 Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична,  но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во  Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство...

Continue reading

pazar

Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци

Post Views: 2 Во охридскиот реон засега пчелар од Трпејца е  единствен сертифициран производител на органска храна. Интерес за ваков начин на производство покажуваат и други  земјоделци, овоштари и сточари, но тешко се одлучуваат на таков чекор. Заинтересираните  денес имаа можност да го дознаат  процесот како да  станат производители на органскa храна. Тоа им го овозможија од  секторот за локален економски развој и канцаларијата за поддршка во земјоделството, при Локалната самоуправа.   „ Интересот е голем. Секојдневно се јавуваат луѓе во  канцеларијата за тоа како да дојдат до сертифицирани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top