• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Засега нема компанија која што е блиску до реализација на проектот за ски-центарот на Галичица

Засега нема компанија која што е блиску до реализација на проектот за ски-центарот на Галичица

Според, градоначалникот, скијачкиот центар е идеја преку која треба да се обезбеди развој на економијата и зимскиот туризам во градов.

 |  Мишел Наумоски  | 
ski centar

Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам.

ski centar galicica„Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до реализација или до прифаќање на една ваква инвестиција, меѓутоа нашите промотивни активности на овие проекти и понатака продолжуваат и како општина Охрид, и како Влада на Република Македонија заедно со Министерството за странски инвестиции и нашите амбасади во странство.“-вели градоначалникот Бакрачески.

Бакрачески вели дека проектот за ски центарот односно мастер планот за изградба на истиот бил изработен од врвната канадска компанија за проекции и конструирање на скијачки центри, Ecosign Mountain Resort Planners, а за маркетингот пак била задолжена компанијата Хорват и Хорват.

galicica„Врз основа на тој мастер план беа изработени неколку сценарија по кои што може да биде изграден скијачкиот центар, и по едно од тие сценарија МЕПСО објави оглас за пројавување на интерес. Тој оглас за пројавување на интерес беше јавен, отворен, врз основа на кој се пријавија неколку компании од Швајцарија, Норвешка, Франција, Германија, Италија, од Израел и од Русија кои што се интересираа за реализација на овој проект, а истиот тој проект беше промовиран од страна на економските промотори на Република Македонија во странство и во сите наши амбасади во странство.“-рече Бакрачески.

Инаку изработката на физибилити студијата и мастер планот за изградба на скијачкиот центар беше финансирана од страна на Владата на Република Македонија преку компанијата МЕПСО, која уште во август 2012та објави тендер за изработка на студијата и мастер планот за ски центарот на Галичица. Минатиов месец пак Националниот парк Галичица ја презентираше и ревидираната верзија на планот за управување со националниот парк кој требаше да ги земе предвид влијанијата кои ски центарот би ги имал врз зоните на заштита во националниот парк и природните и културни богатства кои ги содржи.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top