Ознака: засега

Facebook припрема нова апликација за анонимно допишување

Post Views: 0   Иако засега не се знае многу за мистериозната апликација, New York Times пренесува дека апликацијата треба да се појави во наредните недели, а би овозможувала на корисниците анонимно претставување и допишување. Секако, ова е сосем поинаква филозофија која Facebook ја има на својата социјална мрежа, бидејќи знаеме дека на неа морате да се служите со правото име и презиме кој се достапни на јавноста. Но, со појавата на сервисите како Secret и  Whisper, кои овозможуваат објавување на анонимни статуси, и мега популаарниот Reddit кој нуди своеврсна приватност за корисниците,...

Continue reading

avtobus

Панорамскиот автобус засега вози само холандски туристи

Post Views: 3 Единствениот панорамскиот автобус во градов засега вози  само холандски гости. Туристичките тури  за холандските гости ги организира агенцијата „Ohridholidays“ која го има изнајмено од ЈП Билјанини извори,  во чија сопственост е автобусот.  Оваа година за првпат„Ohridholidays“ се  организатори на туристички разглед  на градот во кои е вклучена понудата превоз со панорамски автобус од хотелите до градскот пристаниште. Тие организираат патување со брод до Св. Нуам, а до пристаништето пристигнуваат со двокатниот автобус. Гостите се задоволни и покажуваат голем интерес да...

Continue reading

poplava leskoec

Дали доаѓа крајот на проблемите со поплавената улица „Илија Смически“ во Лескоец?

Post Views: 6 Повторно испливаа на површина проблемите со улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Жителите велат дека станува збор за децениски проблем за кој многупати им било ветувано решение, но дека засега нема ништо од ветеното. Обилните врнежи деновиве уште еднаш ја поплавија оваа улица, за која жителите велат дека во должина од дури 200 метри се претвора во базен. Се жалат дека нивните деца, за да стигнат на училиште, мора да поминат огромен пат кружејќи околу селото. Јане Бачевски, жител на оваа улица вели дека од ден на ден, секојдневно чекаат да пристигнат багери и да започнат...

Continue reading

jagnesko

За Велигден наместо јагнешко свинско на трпезите

Post Views: 1   Охриѓани забрзано се подготвуваат за престојните велигденски празници. Овој најголем христијански празник се карактеризира со богата трпеза, со јагнешко и со вапцани јајца. Но, длабочината на џебот на граѓаните за жал  не дозволува еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Производителите на јајца велат дека и покрај нискиот стандард граѓаните купуваат. Цените се движат  од 100 па се до 200 денари по шаблон и се многу пониски од минатата година. -Не е лошо, се троши, годинава е многу поефтино па повеќе се купува, вели еден од производителите на јајца.Дуг...

Continue reading

kujna

Основците во градов немаат топол оброк

Post Views: 2 Дали ќе се врати топлиот оброк во основните училишта во градов. Ова прашање подолго време се наметнува од советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни...

Continue reading

vankovska

Ванковска: Споро е темпото за собирање потписи

Post Views: 14 Темпото со кое оди собирањето потписи за кандидатура за претседател е споро. Засега единствената кандидатка за функцијата претседател, припадничка на понежниот пол, Проф. Билјана Ванковска вели дека спорото темпо не ја изненадува затоа што зад неа не стоела никаква организација  и се е оставено на самоиницијативноста на граѓаните. Таа додава: „Немам автобуси кои би ги носела своите поддржувачи“. По првите денови на гужва и  непристојна агитација од членови на одредени партии, состојбата деновиве била посмирена. Граѓаните во попристојна демократска атмосфера одат да...

Continue reading

stalak

Се крадат сталаците за испитување на аероседиментно загадување

Post Views: 8 Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов  засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот.  Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на  аероседиментното загадување биле поставени кај  автобускат станица,...

Continue reading

eksterno

МОФ во Охрид

Post Views: 10 Под мото „Проблематично екстерно оценување, потпиши се за да се прогласи за пилот“ младите активисти на Младинскиот образовен форум не запираат со барање поддршка од учениците и граѓаните, како екстерното тестирање би се прогласило за пилот проект. Координаторот на програмата, Бранкица Затаракоска, задоволна од одзивот на учениците, родителите но и на останатите граѓани. „На национално ниво собрани се над 17 000 потписи а во Струга се собрани околу 1500. Засега имаме добар одзив од граѓаните а има и такви кои се плашат да потпишат. Од Охрид се собрани околу 200 потписи...

Continue reading

Голема кражба на лични податоци

Post Views: 4 Компанијата eBay, која дава онлајн услуги за аукциско купување и продавање, соопштила дека во нападот на хакери се украдени информации за клиенти, вклучувајќи ја и електронската пошта, датуми на раѓање и адреси. eBay ги повикал корисниците да ја сменат својата лозинка по нападот на базата на податоци која исто така содржи лозинки, адреси и броеви на телефони. Исто така соопштиле дека не се пронајдени докази за неодобрен пристап во податоците на кредитни картички. Портпаролката на eBay, Кери Рамирез, изјавила дека засега не се знае колку клиенти се погодени со тој напад. “Веруваме...

Continue reading

пазар

Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата

Post Views: 6 Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на  градскиот  пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски  пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена...

Continue reading

skola rakomet

Децата од стариот дел на градот, добија ракометна школа

Post Views: 1 Триесетина дечиња од стариот дел на Охрид конечно добија ракометна школа во своја непосредна близина. Името на школата е „Седмерец“, а официјално започна да функционира од 1ви овој месец. Под будното око на нивните тренери, дечињата своите тренинзи ги одржуваат два пати неделно, а сега-засега посветуваат внимание на основните вежби. „Учиме да шутираме, учиме позиции, како да топкаме, водење на топка.“ „Малку тешко е, ама ќе се подготвиме. Сега малку треба да вежбаме за да покажеме дека сме клуб.“ „Овде вежбам околу девет дена и интересно ми е. Омилен ракометар ми е Ванчо...

Continue reading

pozarna

Противпожарната единица засега останува на старата локација

Post Views: 14 Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира. Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. Како една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и  касарната.  Од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top