Состојбата на граничните премини со Косово стабилна

Македонското МВР засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово, но ќе реагира ако има потреба.

 |   | 
granicen premin
граничен премин

Македонското МВР засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово, но ќе реагира ако има потреба.

Минстервото за внатрешни работи засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово. Нема индиции дека може да има посериозни ризици, но подготвени сме да реагираме ако е потребно, изјави портпаролот Иво Котевски.

Според зборовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажани викендов за косовските медиуми, ако се загрози суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, никоj не може да гарантира мир во Македонија.

nemiri SrbijaНовите тензии меѓу Србија и Косово, според домашните експерти, нема да имаат влијание врз безбедносната состојба во Македонија и регионот, но нагласуваат дека е важно институциите да  ја следат  состојбата. НАТО вчера соопшти дека разместува дополнителни сили на КФОР на Косово и дека тоа не е знак на заострување на ситуацијата на теренот туку напротив укажува дека ситуацијата  станува помалку затегнатата.

Од друга страна, од Косовска Митровица на сите важни патни правци на северот на Косово продолжуваат барикадите на Србите, а до кои  дојде по одлуката на властите во Приштина да го забранат влезот на стоката од Србија и испраќање на специјални полициски сили на административните премини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top