• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридскиот градоначалник ги посети и семејствата кои настрадаа во неодамнешните поплави

Охридскиот градоначалник ги посети и семејствата кои настрадаа во неодамнешните поплави

Охридскиот градоначалник ги посети и семејствата кои настрадаа во неодамнешните  поплави.

 |  Валентина Неловска  | 
poplavi
poplavi

Градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници  посетија неколку поплавени објекти на улиците „ Стив Наумов“ , „ Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца poplaviи „ Сатеска“ во населбата Далјан.  Засега до ЛС нема пријави на граѓани кои бараат помош од сместување, рече Бакрачески.

„ Сега засега нема побарано од поплавените но ако побараат ќе излеземе во пресрет и ќе најдеме сместување и за нив. После направените записници на штетите ќе донесеме одлука според која ќе бидат оштетни и поплавените од изминатите денови во Охрид“, кажа Бакрачески.

Градоначалникот најавува дека  ќе следи проценка на претрпените  штети и помош од страна на општина Охрид со финансиски средства или материјали за санирање на последиците од поплавите. Доколку граѓаните на општина Охрид имаат  штетите од поплавите тоа треба да го пријават во Локалната поплависамоуправа. Стручни комисии ќе направат проценка за обештетување со финансиски средства или со неопходни градежни материјали за санирање на штетите, најави Бакрачески.
Денес на неколку пунктови низ градот се собираше помош за настраданите од поплавите кои ја зафатија Македонија, а  првиот човек на градот Бакрачески на еден од пунктовите се приклучи кон акцијата. 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top