Ознака: Дебрца

penzioneri trki

Спортски празник за пензионерите од југозападниот регион

Post Views: 5 Над 130 пензионери во 11 спортски дисциплини си ги одмерија силите. 17тите по ред регионални спортски пензионерски натпревари ги опфатија здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, Струга и Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Кичево и Македонски брод. Се трчаше на 60 и 80 метри, се фрлаше ѓуле, се тегнеше јаже и уште многу други дисциплини. Фаворити на овој регионален натпревар, се разбира домаќините. „Во претходните 16, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ги освојуваше првите места екипно и се надевам и оваа година тоа ќе се случи бидејќи без скромност сме припремени...

Continue reading

strelastvo penzioneri

Пензионерите од Охрид и Дебрца се размрдаа

Post Views: 4 Спортски викенд за пензионерите од Охрид и Дебрца. Загреани за спортот, тие се натпреваруваа во неколку дисциплини. Фрлаа пикадо, стрелаа со воздушни пушки, а удрија и по некоја партија шах и табла. Овие натпревари на охридските пензионери се дел од седумнаесетите по ред спортски пензионерски натпревари. А нашите пензионери добро се покажале и на регионалните, но и на републичките натпревари. „Ова е согласно програмата на Здружението на пензионери од Македонија на овие натпревари кои што се изборни за регионалните, а потоа и за републичките, се присутни околу 140 до...

Continue reading

penzi

Пензионерите од село бараат бесплатен превоз до град

Post Views: 0 Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението веќе...

Continue reading

знак

За мирна старост поголема полициска заштита

Post Views: 1 Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца. Пензионерите од руралните средини, покрај немањето на амбуланти и аптеки, се почесто се жалат дека се жртви на кражби и на семејно насилство. За да се чујаат потребите и проблемите на пензионерите Здруженито на пензионери од Охрид и Дебрца практикува директни средби со членовите во 30 -те месни ограноци, нагласува претседетелот Ѓорги Трпчески. Се почесто пензионерите отворено ги кажуваат своите маки на овие средби. Тие не се чувствуваат безбедни затоа што нема полициска станица во Дебрца и...

Continue reading

kucinja skitnici

Стерилизација или азил за кучињата скитници

Post Views: 9 Од ЈП Комуналец не се согласуваат со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници. Директорот, Сашо Алчев, вели дека повеќе од една година имаат изготвено проект, во кој учествувал ветеринарот д-р Перо Божиновски, за целосно решавање на овој сериозен општествен проблем. Сакаме проблемот да се надмине со изградба на заеднички стационар и центар за азил на животните, во кој ќе учествуваат уште три општини од регионов. Покрај општина Охрид, проектот е во начело прифатен и од општините Струга, Вевчани и Дебрца,...

Continue reading

magnus

Пензионерите ќе добијат сместувалиште

Post Views: 0 Пензионерите од Охрид па и пошироко ќе добијат Дом за стари лица. Иницијативата на пензионерите како и нивната четиригодишната битка да се обезбеди престој за старите лица, по се изгледа резултира со позитивен епилог. Портпаролот на Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца Крсте Спасески, вели дека надминати се сите проблеми околу имотно правната состојба за местото каде треба да никне овој објект и во најскоро време очекуваат да се удри камен темелник на Домот за стари лица.„Сега со влегувањето на Локалната самоуправа во втората фаза на децентреализација од нова...

Continue reading

crven krst

Заедно во борба против гладта

Post Views: 0 Започна одбележувањето на Неделата на гладта по повод светскиот ден за борба против гладта 16ти Октомври. Волонтерите на Црвениот крст од Охрид од вчера па се до 22ри Октомври ќе собираат донации со цел да им се помогне на социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца. За оваа цел, Црвениот крст ја обезбедил соработката со рестораните во градов кои во текот на оваа недела ќе издвојуваат 10% од својата заработувачка како свој придонес во оваа акција. Со собраните средства ќе се купат прехранбени артикли кои ќе бидат вклучени во хуманитарните пакети. „И оваа година...

Continue reading

Gjorgi Trpcevski

Охридските пензионери бараат корекција на пензиите

Post Views: 4 Трпчески додаде дека усогласувањата на висината на пензиите го очекуваат отприлика во месец Октомври, но сеуште немаат сознанија колкаво ќе биде тоа поместување и што тоа ќе значи за пензионерите. Сепак се надеваат на што побрза корекција на пензиите, бидејќи животните трошоци им се зголемиле од последното корегирање на висината на пензиите. „Тоа беше минатата година, но беше многу симболично, многу мало околу 2-3% оваа година очекуваме да биде барем малку повисоко, околу 3 можеби над 3. Па да видиме сега реков да не преудицираме затоа што статистикава треба да го каже...

Continue reading

pehar

Охридските пензионери најдобри на републичкиот натпревар

Post Views: 0 Пензионерите од општините Охрид и Дебрца со фантастични резултати од републичките спортски натпревари за пензионери. Организаторите на републичкиот натпревар изненадени, но од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца велат дека резултатите се очекувани со оглед на големиот труд кој сите пензионери го вложиле во припремите. Тие своите полици ги закитија со два пехари од кои едниот останува кај нив, а другиот е преоден пехар. Стрелаштво, шах, домино, тргање на јаже, трчање на 60 метри, се само дел од дисциплините во кои активно учествуваа нашите пензионери. „На овие...

Continue reading

Penzioneri

Отворени вратите за странските пензионери во охридското здружение

Post Views: 2 Пензионери повратници од Австралија, Канада и западно европските земји заинтерсирани да членуваат во Здружението на пензионери на општините Охрид Дебрца. Од скоро Здружението направи измени во статутот, по одлуката на Владата, странските пензии  да се примаат и во земјава, вели Ѓорѓи Трпчески, претседателот на ова здружение. Извршниот одбор на здружението донесе одлука сите заинтересирани пензионери повратници од странство да ги прифатат и да ги користат сите бенефиции како и домашните. Нашите пензионери, пак најмногу се заинтересирани за набавка на огревно дрво на...

Continue reading

Одделение за заловување на животни

Post Views: 6 На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни...

Continue reading

penzioneri

Пензионерите на натпревар

Post Views: 0 Пензионерите од Охрид и Дебрца си ги одмерија силите во неколку спортски и забавни дисциплини. Шеснаесетиот по ред спортски пензионерски натпревар се одржа на полигонот за мали спортови. Општинскиот натпревар за отворен го означи градоначалникот Петрески кој низ солзи емотивно се обрати до присутните пензионери и натпреварувачи. „Се она што е досега изградено е од вас изградено“ им рече Петрески. Имено ова општинско пензионерско натпреварување од општините Охрид и Дебрца е едно од најмасовните во земјава. „Околу 100 натпреварувачи во 11 спортски дисциплини, не само...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top