Стерилизација или азил за кучињата скитници

 Комуналец не се согласува so „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници.

 |  Валентина Неловска  | 
kucinja skitnici
кучиња скитници

Од ЈП Комуналец не се согласуваат со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници. Директорот, Сашо Алчев, вели дека повеќе од една година имаат изготвено проект, во кој учествувал ветеринарот д-р Перо Божиновски, за целосно решавање на овој сериозен општествен проблем. Сакаме проблемот да се надмине со изградба на заеднички стационар и центар за азил на животните, во кој ќе учествуваат уште три општини од регионов. Покрај општина Охрид, проектот е во начело прифатен и од општините Струга, Вевчани и Дебрца, кажува директорот. Проблемот не се елиминира ако кучињата се стерилизираат и повторно се вратат на улица како што предлагаат од Анима Мунди, потенцира Алчев. Кучињата и понатака ќе преставуваат опасност за луѓето, ќе престојуваат по улиците и парковите и ќе бараат храна по контејнерите, нагласува Алчев.

скитиВетеринарот д-р Тони Танкоски, смета дека во моментов е многу тешко општините сами да се справат со овој проблем во услови на економска криза. „Не е решение ако само една општина го реши овој проблем со шинтерска служба и прифатилиште за кучињата скитници. Тогаш ќе се појави опасност кучињата од други општини да се носат тука. Проблемот мора да се решава на ниво на држава“, е со став ветеринарот Танкоски.

Досега нема податок колкав е број на кучињата скитници нити каква е нивната здравствена состојба во општина Охрид. ЈП Комуналец нерасполага со служби кои би извршиле такво испитување, објаснува Алчев. Она што тие како ЈП досега го направиле за да се справат со кучињата скитници, е набавка на опрема за заловување на животните, возило, ангажирање на двајца вработени кои посетувале обуки. Одредиле и локација каде што ќе биде опремен стационар, а тоа е старата ветеринарна станица во Дебрца. Се чека само амин од тројцата градоначалници, на Струга, Рамиз Мерко, Вевчани- Перо Илиески и Дебрца-Љупчо Којчиноски. Тие ќе треба да се согласат околу поделбата на заедничките трошоци за хуманиот третман на животните. После тоа ќе следи одредување и место за прифатилиште каде што ќе се сместуваат животните. Од таму понатака љубителите на домашни животни ќе може да си набавуваат домашни миленици, укажува Алчев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top