Охридските пензионери бараат корекција на пензиите

Охридските пензионери едни од најактивните во земјава. Преземаат бројни иницијативи за подобрување на условите за живот на оваа категорија на лица. Една од последните иницијативи е во насока на корегирање на висината на пензиите во однос на животните трошоци.

 |  Мишел Наумоски  | 
Gjorgi Trpcevski
Ѓорѓи Трпчевски

Трпчески додаде дека усогласувањата на висината на пензиите го очекуваат отприлика во месец Октомври, но сеуште немаат сознанија колкаво ќе биде тоа поместување и што тоа ќе значи за пензионерите. Сепак се надеваат на што побрза корекција на пензиите, бидејќи животните трошоци им се зголемиле од последното корегирање на висината на пензиите.

„Тоа беше минатата година, но беше многу симболично, многу мало околу 2-3% оваа година очекуваме да биде барем малку повисоко, околу 3 можеби над 3. Па да видиме сега реков да не преудицираме затоа што статистикава треба да го каже тоа што е во тој дел.-додава Трпчески.

Нивните активности не запираат тука. Паралелно спроведуваат и акции за посета на стари и изнемоштени лица, на кои посети им донираат одредени прехрамбени продукти во висина до 1000 денари. Од Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца исто така се обидуваат и да ја нагласат потребата за поголема заштита на оваа категорија на граѓани, пред се од канџите на семејното насилство, посебно во руралните средини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top