Ознака: Дебрца

unija na zeni dpmne

Жените од ДПМНЕ од Охрид и Дебрца со осврт кон сработеното

Post Views: 0 Сработени активности и идни планови. Свеченост и културно-уметнички дел за заокружување на изминатата година. По стружанки, и охриѓанки од унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одржаа своето годишно собрание, на кое ги споделија и потсетија на сите реализирани активности во годинава што изминува. А имаа и со што да се пофалат. „Многу трибини, многу активности од сите општествени сфери на живеењето. Она што сметавме дека на сите мајки, жени, граѓани на Охрид им е потребно како доедукација или запознавање со проблемите, затоа што проблемите со децата, проблемите во општеството,...

Continue reading

den na penzioneri

Битисувањето на охридските пензионери преточено во монографија

Post Views: 2 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца денес го одбележа својот ден. Денот на пензионерите кој традиционално се одбележува на 20 Септември тие одлучиле да го поместат за денес поради поканетите гости. А гости имаа од сите свои збратимени градови како од земјата така и од соседните држави. „Ние секоја година по повод 20 Септември Денот на пензионерите организираме ваква свеченост како денешната. Од година во година мислам дека е се поорганизирана нашата прослава и со мног голем број на посетители. Многу ме радува тоа што беше преполна салата во Домот на култура,...

Continue reading

borci

Охридските ветерани маршираа за мир

Post Views: 9 „Да престанат војните, да престанат немирите, да запре татнежот на оружјето“. Ова беа само некои од пораките испратени кон светот од Градскиот плоштад во Охрид. Сојузот на борците, на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото,а по повод Светскиот ден на мирот. Охриѓани со став дека животот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово. „Треба да го цениме и треба мирот да биде стално присутен меѓу нас и меѓу државите воопшто. Не само што го цениме, туку со самово присуство...

Continue reading

VMRO DPMNE

Годишно собрание на Унијата на жени од ДПМНЕ-Охрид

Post Views: 11 Време е за осврт кон сработеното. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, утревечер ќе го одржи своето годишно собрание. Овој редовен настан е можност за согледување на целокупните наши активности во текот на изминатата година, но и можност за претставување на идните планови.-вели претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Славица Јанковска. Таа додава дека на ова годишно собрание ќе направат осврт и на целокупното дејствување на жената во рамките на партијата како и постигнатите резултати. Најави и нивно уште поактивно политичко делување. „Како припаднички...

Continue reading

penzioneri Ohid

Охриѓани фантастични на спортска пензионерска олимпијада

Post Views: 5 Екипата на здружението на пензионери постигна огромене успех на Спортска пензионерска олимпијада која годинава се одржа во Скопје. На олимпијадата во организација на здружението на пензионери Ѓирче Петров од Скопје, учествуваа повеќе од 400 спортисти во машка и женсkа категорија, од 38 спортски здруженија на ниво на Македонија.  Натпреварите се одвиваа во 12 спортски дисциплини и тоа во стрелаштво, шах,  пикадо, тргање со јаже , трчање на 60 метри, фрлање на џуле , скоск од место, домино за машка категорија и табла. „Најтешки дисциплина на оваа олимпијада беа во женска...

Continue reading

borci

Повеќе настани одбележани во еден ден

Post Views: 3 Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви. „Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани пред...

Continue reading

leb

И лебот поскапува

Post Views: 16 Новата цена на лебот која за многу скоро ќе ја обелоденат пекарите, е резултат на серијата зголемувања на цената на пченицата, горивавата и електричкната енергија. Ѓраѓаните во шок. Се чудат како ќе се соочат со новите цени, кога и досега едвај врзуваа крај со крај. Ѓраѓаните си ги глeдаат своите проблеми, а пекарите пак своите. Претседателот на  Мeлничко пекарско здружение „Пекар“ – Охрид, каде членуваат производителите на леб и бели печива од општините Охрид, Дебрца и Струга, Љупчо Настоски вели дека се принудени да ја зголемат цената на лебот доколку сакаат...

Continue reading

drva

На што ќе се греете вие зимава?

Post Views: 4 Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на огревно...

Continue reading

pozarna

Пламени јазици му се закануваа на охридското кале

Post Views: 8   Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот  утринава  од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од  ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да се...

Continue reading

куки

Во Дебрца пријавени 170 оштетени објекти

Post Views: 9 Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје. Советниците, на денешната седница која имаше само една точка на Дневен ред, одлучија Комисијата да ја предводат дипломираниот архитект Симон Мартиноски и дипломираниот правник Зоран Ногачески, информира за ТВМ градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. „Комисијата утре во 9 часот ќе излезе на терен за да ја отпочне постапката за проценка на штетите. Потоа следува изработка на Елаборат кој ќе се најде пред совентиците за усвојување,...

Continue reading

mini

Ставрески и Јанкулоска ja посетија Дебрца

Post Views: 5 Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска дојдоа во општина Дебрца. Владините министри се сретнаа со вознемиреното население од Белчишта и Велмеј, кои пред два дена ги погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени по рихтер со епицентар во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз објектите, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца. Министерот за Финансии Зоран Ставрески оствaри средба и со градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. На средбата со населението Ставрески вети владина помош за оштетните домови од земјотресот за жителите...

Continue reading

akcija crven krst

„За посреќно детство“ по четврти пат

Post Views: 1 Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од  плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини. „За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со парите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top