Пламени јазици му се закануваа на охридското кале

Брзото пријавување на пожарот и навремената интервенција на противпожарната единица од Охрид спречија да се случи катастрофа

 |  Јаковлева Лионела  | 
pozarna
пожарна

 

Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот  утринава  од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од  ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да се изгасни. Тука не помага ниту интервенцијата од воздух, потенцира командирот. Затоа апелира граѓаните и туристите кои се движат по овој дел од градот да бидат крајно внимателни, да не фрлаат догорчиња од цигари и да користат запалки. Прентоски вели дека многу често пожарите намерно се подметнуваат. pozar

Пожарникарите во изминатово деноноќие имаа полни раце работа. Тие се справуваа со огнена стихија и во Општина Дебрца во селото Велмеј каде пак се запали дабова и букова шума и ниска вегетација. Пожарот е ставен под контрола. Ова е 226 интервенција на пожарникарите на подрачјето на општина Охрид и Дебрца. Прентоски бара подигнување на свеста на граѓаните кои најчесто се причината за настанувањето на пожарите.

Тој потсети колкава е опасноста од пожарите споменувајќи го онај кој неодамна се случи во Струмица кога за жал имаше и четири жртви. Тој вели дека само со превенција и едукација на населението ќе избегнеме вакви катастрофи.

 
 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top