Отворени вратите за странските пензионери во охридското здружение

Пензионери повратници од Австралија, Канада и западно европските земји заинтерсирани да членуваат во Здружението на пензионери на општините Охрид Дебрца.

 |  Валентина Нелоска  | 
Penzioneri
Пензионери

PenzionerskoПензионери повратници од Австралија, Канада и западно европските земји заинтерсирани да членуваат во Здружението на пензионери на општините Охрид Дебрца. Од скоро Здружението направи измени во статутот, по одлуката на Владата, странските пензии  да се примаат и во земјава, вели Ѓорѓи Трпчески, претседателот на ова здружение. Извршниот одбор на здружението донесе одлука сите заинтересирани пензионери повратници од странство да ги прифатат и да ги користат сите бенефиции како и домашните.

Gjorgi TrpcevskiНашите пензионери, пак најмногу се заинтересирани за набавка на огревно дрво на рати. Здружението годинава склучило договори со околу 1000 пензионери за набавка на 10.000 м3 огревно дрво. Но, тука се другите набавки за прехрана, како и меѓусебното дружење на екскурзиите, спортските активности и фолклорните ревии. Преку Сојузот на пензионерите се прават напори и за користење на солидарниот фонд за кој месечно треба да издвојат  120 денари.

Охридските пензионери не се откажуваат од иницијативата да се изгради современ пензионерски дом. Оптимисти се дека наскоро ќе бидат удрени темелите за негова изградба. Во Здружението на пензионерите членуваат над 8500 пензионери од Охрид и Дебрца.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top