Охридските пензионери најдобри на републичкиот натпревар

Охридските пензионери, севкупни победници на републичките пензионерски спортски натпревари. 400 пензионери од 39 здруженија се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини. Оваа година домаќин на шеснаесеттите по ред вакви натпревари беше кампот Ливадиште во Струга.

 |  Мишел Наумоски  | 
pehar
пехар

pehariПензионерите од општините Охрид и Дебрца со фантастични резултати од републичките спортски натпревари за пензионери. Организаторите на републичкиот натпревар изненадени, но од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца велат дека резултатите се очекувани со оглед на големиот труд кој сите пензионери го вложиле во припремите. Тие своите полици ги закитија со два пехари од кои едниот останува кај нив, а другиот е преоден пехар. Стрелаштво, шах, домино, тргање на јаже, трчање на 60 метри, се само дел од дисциплините во кои активно учествуваа нашите пензионери.

„На овие натпревари како што беше истакнато после упорна работа на сите ангажираност и одговорните што беа по дисциплини и спортистите како пензионери нормално беа освоени 13 медали и тоа во повеќе спортски дисциплини. По места како што доаѓаат, освоивме три златни медали, потоа четири сребрени медали и две бронзени медали. “-рече Ристо Трајкоски-Претседател на комисијата за спортски активности

На републичките натпревари им претходеа регионалните натпревари одржани во Дебар, од каде нашите пензионери ја добија визата за главното натпреварување. На републичките натпревари, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца учествуваше со вкупно 48 претставници.

„За одбележување е тоа што навистина нашите спортисти работевме макотрпно во изминатиов период и тоа работење вроди плод. Што значи еве може да се пофалиме дека на ниво на републикава, со сите овие учесници, севкупни победници како Здружение на пензионерите на општините Охрид и Дебрца. По тој повод се освоени златни медали, први места, потоа освоени се сребрени медали, имаме трети места . 03:21 Претседател на Здружението на пензионери за Охрид и Дебрца.“-вели Ѓорѓи Трпчески-Претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Покрај учествата на овие спортски натпревари за пензионерите од Македонија, нашите пензионери преземаат бројни иницијативи и за подобрување на општата состојба со оваа категорија на граѓани, а со скромна церемонија во сопствена режија на 20ти Септември ќе учествуваат и во одбележувањето на 65 години од основањето на Сојузот на пензионери на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top