Спортски празник за пензионерите од југозападниот регион

Охридските пензионери ги одмерија силите со колегите од регионот.

 |  Мишел Наумоски  | 
penzioneri trki
пензионери трки

Над 130 пензионери во 11 спортски дисциплини си ги одмерија силите. 17тите по ред регионални спортски пензионерски натпревари ги опфатија здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, Струга и Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Кичево и Македонски брод. Се трчаше на 60 и 80 метри, се фрлаше ѓуле, се тегнеше јаже и уште многу други дисциплини. Фаворити на овој регионален натпревар, се разбира домаќините.

penzioneri trki„Во претходните 16, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ги освојуваше првите места екипно и се надевам и оваа година тоа ќе се случи бидејќи без скромност сме припремени максимално. Сите освојувачи на натпревари по дисциплини екипно и поединечно се пласираат на републичките спортски натпревари кои што вообичаено се одржуваат во Септември месец секоја година, сеуште домаќин не е одреден годинава, така да ќе почекаме малку околу организаторот и домаќинот оваа година.“-рече Стефан Владимиров-Секретар на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца.

Регионалните натпревари се одржаа во спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, а за отворени ги прогласи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. По отворањето на игрите, Петрески одржа и средба со претставниците на здруженијата на пензионери.

sekretar penzioneri„На таа средба градоначалникот искажа големи благодарности и се разбира од страна на пензионерите и даде секаква можна подршка или соработка во иднина што секако претставува една голема добит за здружението и еден пример како треба да се соработува со локалната самоуправа односно со градоначалникот на општината не само кај нас туку и на сите други места, а и се разбира ние тоа го очекуваме од него како градоначалник на нашата општина.“-додава Владимиров.

Како гости на овие 17ти регионални спортски натпревари за пензионери беа присутни и здруженијата од Врање-Република Србија, Поградец- Република Албанија, а од домашните, здруженијата од Прилеп и Битола.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top