Ознака: Григор

fizcko

На децата од нижите одделенија физичко им го заменуваат со математика

Post Views: 7 Наместо физичко – математика или македонски. Родителите чии деца учат во ООУ Григор Прличев реагираат дека нивните деца наместо час по физичка култура, многу често имаат друг предмет. „И покрај тоа што училишните торби им се претешки и децата постојано седат, единствена можност за физичка активност им се часовите по физичка култура кои иако им се по распоред, се кратат“, велат родителите. Проблемот го насочуваат кај учителките кои и покрај тоа што ги тераат децата да носат соодветна опрема, сепак не го одржуваат часот, а доколку сакаат да го одржат немаат термин во...

Continue reading

приредба

Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

Post Views: 3 Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето. Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...

Continue reading

патронат

О.У. „Григор Прличев“ го слави својот патронен празник

Post Views: 0 Пред бистата на големиот поет и преродбеник во дворот на училиштето, беше положен ловоров венец, а беа прочитани и првонаградените литературни творби од конкурсот на тема „Охрид, моја гордост, моја инспирација“. Ликот и делото на  Прличев, најголема инспирација за младите поетеси. „Моја инспирација беше Григор Прличев, кој е човек што и покрај сите грчки плукања тој успеал да стане втор Хомер и тоа мене ми беше многу голема инспирација за да напишам песна, ми требаа два дена и јас со голема желба ја напишав таа песна“, велат Мартина Целеска и Марија Мисоска. Во чест...

Continue reading

Prlicev

Охрид празнува и достојно ги одбележува „Прличевите беседи“

Post Views: 9 Низа свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“. За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња. „Нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без присуството на Григор Прличев, а нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создадоа „Сердарот“ и Скендербег, додаде...

Continue reading

kuka Grigor Prlicev

Подготвена програмата за „Прличевите беседи“

Post Views: 1 Во текот на програмата предвиден е и настап на хорот при Центарот за култура, беседа ќе одржи Ристо Јачев, а ќе биде врачена и повелбата и наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 год. Традиционално како и секоја година, ќе биде објавен и конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година.Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија. Во склоп на активностите за „Прличевите беседи“ на 6 ти февруари пред бистата на Прличев пред градската библиотека ќе...

Continue reading

ucilnica

Локалната ги крие кандидатите за директори во училиштата

Post Views: 0 Пропаднаа во вода шпекулациите дека во Охридските основни училиште на директорската фотеља ќе седнат староновите директори.  „Во Општинското Основно Училиште, Григор Прличев конкурсот е завршен, постапката е во тек и согласно законот и комисиската расправа, како и одлуката на училишниот одбор, градоначалникот ќе треба да се произнесе деновиве, по предлогот од Училишниот одбор“, вели претставникот од секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумовски. „ Мислам дека ќе го почитуваме законот и во двете ОУ ќе бидат избрани за директори други лица.Неможе...

Continue reading

tehnicko obrazovanie

Резбањето со рам и пилица на часовите, заминува во историјата

Post Views: 8 Техничко образование по европски терк. Благодарение на имплементацијата на ПЕП проектот, сите училишта сега ќе добијат контролни управувачки уреди, едукативен робот и СОЛАР КИТ комплети, со цел да се модернизира наставата по техничко образование. Учениците на О.У. „Григор Прличев“ ги презентираа првите стекнати знаења. „Јас имав изработено модел на стаклена градина, така што сончевата енергија се претвора во механичка работа на вентилаторот за да се одржи одредена температура во стаклената градина. „Денес имаме презентација на вежба со противпожарен аларм, имаме поставено...

Continue reading

Boceska

Современа шпанска кинематографија во Охрид

Post Views: 0 По ревијата на руски филм, овој пат, Центарот за култура „Григор Прличев“ својата публика ќе ја анимира со ревија на филмови од современата шпанска кинематографија. Шпанската продукција е светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката. Се работи за филмови кои ретко можат да се видат по комерцијалните кино-сали во Македонија-ќе рече м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотека на Македонија. „Оваа ревија е пред се поради соработката која што ја имаме со Кинотека на Македонија и со Шпанската амбасада која што дозволи овие филмови да бидат...

Continue reading

direktor

Градоначалникот денес назначи двајца директори

Post Views: 0 Градоначалникот Александар Петрески денес назначи двајца директори. Едниот е в.д. ,а другиот, пак од в.д стана директор. Тоа се Перо Георгиески новиот в.д. директор во Основното училиште „Григор Прличев“ и Сашо Алче, сега директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Ставрески поднесе оставка на директорската позиција во училиштето „Григор Прличев“ со кое менаџираше во два манадати. До објавата на конкурс оваа должност ќе ја обавува Перо Георгиески. Сашо Алче, пак ќе биде на челната позиција на охридското комунално претпријатие во наредните 4 години, после 2 и пол...

Continue reading

sertifikat

Меѓународни сертификати за охридските основци

Post Views: 5 Странскиот јазик, потпора за основците. О.У.„Григор Прличев“, е првото државно училиште од градов во кое се доделија меѓународните сертификати по англиски јазик од универзитетот Кембриџ, Велика Британија. Признанијата се потврда за постигнат извореден успех по англиски јазик на 36 ученици од О.У. „Григор Прличев“. Британскиот дипломат Џерард Мек Гурк, рече дека привилегија му било и како дипломат, но и како татко на ваков убав ден да биде во Охрид, посебно во годината кога Британскиот совет одбележува 15 годишен јубилеј од свето постоење во Македонија.  Еден од заслужните...

Continue reading

ou Kliment Ohridski

Кој ќе седне на директорските фотељи во охридските основни училишта?

Post Views: 0 Охридските основни училишта ги менуваат првите луѓе. Иако во различен период, конкурси за директори ќе има, а за кандидатите ќе одлучуваат градоначалникот Петрески и училишните одбори на четирите основни школи. Ова е тема која предизвикува многу шпекулации, но една работа е сигурна, а тоа е дека основните училишта Христо Узунов, Григор Прличев и Братство Единство ќе добијат сосема нови директори бидејќи постојните ги привршуваат своите втори мандати.Градоначалникот Петрески задоволен од тоа како досегашните директори ја вршеле својата должност, па посака доколку има...

Continue reading

In Memoriam Драгица Силјаноска

Post Views: 2 Утрово, по кратко боледување на 62 годишна возраст  почина Драгица Силјаноска, истакнат културен работник од Охрид. Силјаноска својот професионален ангажман како новинар го започна во радио Охрид. Понатака следуваа нејзините работни ангажмани во прес службата на Отекс, во дописништвото на НИП Нова Македонија, во Дом на Културата, во Градската библиотека и Балкански Фестивал. Функцијата директор на библиотеката Григор Прличев ја извршуваше  во периодот од 2003 до 2007 година. За време на нејзиниот четири годишен мандат како директор, библиотеката ја доби повелбата Св...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top