Post Views: 28
Овој пат во понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се познати автори и книги, меѓу кои има и книга од македонски автор.
“Бронзениот коњаник” од Паулина Сајмонс во издание на издавачката куќа Сакам Книги е во два дела; првиот дел од серијалот е со наслов “Ленинград”, а насловот на втората книга е “ Златната порта”.
Неповторлива приказна за љубовта, војната и Русија. Ленинград, 1941 година. Проѕирниот самрак на белите ноќи и понатаму го чува златниот сјај на раскошот од минатите денови. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му...
Post Views: 0
Благодарение на ЛК „Лихнидос“ од синоќа осветлени се обележјата на Григор Прличев во Охрид, бистата пред градската библиотека, во центарот на градот и основното училиште кое го носи неговото име, како и родната куќа и неговото вечно почивалиште.
Осветлувањето на Прличевите спомен – обележја е дел од проектот „Охрид – град на светлината“. На овој начин клубот „Лихнидос“ изразува длабока почит кон големиот македонски поет, писател и преродбеник од XIX век – изјави проф. д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.
Post Views: 10
Со доделувањето на наградата за најдобра поема на лауреатот Трајче Кацаров, синоќа во НУЦК “Григор Прличев“ продолжија свеченостите на годинашните “Прличеви Беседи“. Програмата започна со изведбата на “1762 Лето“ и претставување на наградениот поет и поемата “ЦВЕТКО“.
За животниот пат и творештвото на Кацаров, пред присутните зборуваше драматургот Зоран Пројкоски, а свое обраќање имаше и градоначалникот Кирил Пецаков.
– Почитувани дами и господа, почитувани гости, драги охриѓани. Ми претставува особена чест, најискрено да му ја честитам наградата на познатиот македонски...
Post Views: 10
Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник. Лилјана Ефтимовска, директорката на училиштето, го честита патронатот потсетувајќи ги присутните на неговата мисла, „Блазе си му на оној што со труд се извишува себе си“ и упати порака до учениците. Оваа мисла нека ви биде водилка низ животот, како што била на бројни претходни генерации. Знаењето што се стекнува во нашето училиште е клучна одредница за учениците, кажа Ефтимовска.
Само со труд, посветеност и работа ќе постигнете резултати кои ќе ве воведат во светот на возрасните и успешните луѓе. Секогаш...
Post Views: 0
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022.
Со промоцијата на монографијата НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 70-годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.
Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно...
Post Views: 2
Во понеделник на 13 мај во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на романот „ГРЕХ ЈЕДНЕ РОМКИНЈЕ “ од Златомир Јовановиќ од Обреновац. – Србија.
Јовановиќ е познат културолог , книжевник, естетичар и публицист. Тоје прв учител по ромски јазик во Србија и голем поборник за оствaрување на правата на Ромите во соседна Република Србија. За творештвото и животниот пат на Јовановиќ ќе говорат неговите колеги Ибрахим Џемаили од Скопје и Мирко Томовски од Охрид.
Post Views: 1
Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу...
Post Views: 2
Бројот на читатели константно се зголемува а во рамките на нашите можности и доделените средства од Министерството за култура континуирано набавуваме нови наслови од областа на белетристиката,науката , историјата и друга стручна литература. Лани ја спроведовме законската ревизија на целокупниот книжевен фонд а паралелно работевме на популаризација на книгата и нејзино доближување до читателите.
Во изминатите 12 месеци во „Прличевата одаја“ беа одржани над 30 промоции и други промотивни средби со автори од Охрид, Македонија но и од:Хрватска, Бугарија и Србија.
Од промоциите...
Post Views: 2
ОУ „Григор Прличев“ во Охрид ја доби првата сензорна градина во Југозападниот регион, но и прва од ваков тип во државава. Градината ја сочинуваат содржини за поттикнување на вештините на учениците и унапредување на учењето преку соодветна стимулација на сетилата. Сензорната градина е донација од ХАЛК банка во рамки на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“ во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ поддржан од ЕУ.
Оваа сензорна градина која е прва не само во проектот, туку и во државава има повеќе функции, од општо дидактичко – поттикнувачки...
Post Views: 0
Четвртоодделенците од Основното Училиште „Григор Прличев“ денес беа во посета на Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги пречека, по што во големата општинска сала ги запозна со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, а одговараше и на бројните прашања од младите гости.
Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.
Post Views: 0
На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа.
Министерот за култура врз основа на предлогот на Комисијата оцени дека Јованоски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор а доставената Програма за работа...
Post Views: 12
Нашиот најнов предлог содржи осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело.
Од областа на белетристиката на пултот за зајмување можете да ги побарате следните наслови: Ќерката на мојата најдобра пријателка од Дороти Кумсон, Невидлива убавина – Ејми Хармон. Без каење од Колин Хувер, Тајни на летната ноќ од Лиса Клејпас, Песната на речните птици од Лиса Вингејт.
Денеска ви предлагаме и три илустрирани и едукативни изданија подеднакво интересни за децата, учениците и возрасните. Тоа се: Мојот прв англиски јазик, Откриј го Египет и Поглед...