Меѓународни сертификати за охридските основци

Признание за извонреден успех. 36 ученици од О.У. „Григор Прличев“, добија меѓународен сертификат, за покажани резултати по англиски јазик. Сертификатот на децата им го врачи заменик шефот на мисијата од Британската амбасада, Скопје, г-динот Џерард Мек Гурк.

 |  Билјана Николоска  | 
sertifikat
sertifikat

sertifikatСтранскиот јазик, потпора за основците. О.У.„Григор Прличев“, е првото државно училиште од градов во кое се доделија меѓународните сертификати по англиски јазик од универзитетот Кембриџ, Велика Британија. Признанијата се потврда за постигнат извореден успех по англиски јазик на 36 ученици од О.У. „Григор Прличев“. Британскиот дипломат Џерард Мек Гурк, рече дека привилегија му било и како дипломат, но и како татко на ваков убав ден да биде во Охрид, посебно во годината кога Британскиот совет одбележува 15 годишен јубилеј од свето постоење во Македонија. 

sertifikatЕден од заслужните професори кој стои позади успехот на дел од децата е и Елена Пендова. Таа вели дека децата скромно го прифатија овој сертификат, недоволно свесни за неговото значење. Но верува дека оваа виза за иднината на полето на странските јазици, ќе им се појасни во понатамошното изучување на јазиците.

Покрај меѓународниот сертификат по англиски јазик, децата од страна на британскиот дипломат добија и скромни подароци, во знак на внимание за нивниот труд. Од Британската амбасада во Скопје појаснаа, дека познавањето на еден два или повеќе странски јазици е многу битно посебно затоа што нашата земја се повеќе се доближува до Европската Унија. Денешниот настан кој се одржуваше во О.У. „Григор Прличев“, е само уште една алка во низата на успесите и достигнувањата на ова основно училиште, кое е познато по тоа.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top