Современа шпанска кинематографија во Охрид

Филмски празник за вистинските љубители на филмот. Почнувајќи од денес па се до 28ми Октомври, Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе прикажува ревија на филмови од современата шпанска кинематографија. Се работи за последните достигнувања на оваа високо ценета филмска продукција кои имаат добиено одлични критики од познатите филмски критичари. Влезот за проекциите е бесплатен.

 |  Мишел Наумоски  | 
Boceska
Boceska

По ревијата на руски филм, овој пат, Центарот за култура „Григор Прличев“ својата публика ќе ја анимира со ревија на филмови од современата шпанска кинематографија. Шпанската продукција е светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката. Се работи за филмови кои ретко можат да се видат по комерцијалните кино-сали во Македонија-ќе рече м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотека на Македонија.

„Оваа ревија е пред се поради соработката која што ја имаме со Кинотека на Македонија и со Шпанската амбасада која што дозволи овие филмови да бидат прикажувани и во Охрид. Се работи за современ шпански филм, тука имаме седум наслови, седум филмови во кои имаме комедија, акциони трилери, психолошка драма. Сценарија кои што навистина побудуваат голем интерес особено со тоа што се знае дека голем број од Шпанските филмови секогаш се откупувани од Холивудските големи продукциски куќи.“-вели директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Меѓу филмовите се наоѓа и едно од најдобро оценетите сценарија од шпанскиот регион, „Недопрено“, филм кој веќе има понуди за Холивудска екранизација и обработка.

Boceska„Влезот за филмовите е слободен и од 18ти до 28ми Октомври ќе имаме можност да ги погледнеме најновите филмови од шпанската продукција. Ова е ретка можност, инаку досега можеби не сме се сретнале со овие филмови и токму затоа се обидуваме да ја доближиме европската кинематографија еве сега преку шпанскиот филм кој што се надевам ќе предизвика интерес.“-додава Боцеска.

Покрај „Недопрено“, охридската публика ќе има можност да види уште 6 филма од современата шпанска продукција, а ревијата ќе биде отворена со „Војниците од Саламина“, историски филм за Шпанската граѓанска војна. Филмот е во режија на Давид Труеба, актер, писател и воедно и помлад брат на оскаровецот Фернандо Труеба. Проекциите започнуваат во 20:00 часот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top