Ознака: градскиот

Општинската комисија за сечење дрва издала решение да се исече исушеното дрво на градскиот плоштад

Post Views: 1 Исечен е повеќегодишен кедер на охридскиот Плоштад. Просторот остана без зеленило од уште едно дрво. Дел по дел беше исечено стеблото на зимзеленото дрво кое го разеленуваше овој дел од центарот, на местото познато меѓу охриѓани како „Кај Муренкана“. Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурното уредување во поднебјата каде што зимската температура достигнува до −25°C. Исековме дрво кое минатата година се исушило, а за тоа имаме решение од надлежните за негово сечење – информираат од ЈП Охридски комуналец. Од Локалната...

Continue reading

Дали паркингот, каде забрзано се дислоцира градскиот пазар, е соодветно подготвен за безбедно тргување со храна?

Post Views: 0 Интензивно се работи на дислокацијата на градскиот пазар. По се изгледа набрзо ќе се фрла лопата за изградба на новиот затворен пазар. Иако нешто повеќе од 3годни паркинг просторот беше една од локациите која се најавуваше за привремено организирање градски пазар додека се гради новиот, деновиве се добива впечаток дека просторот не е соодветно подготвен за таа намена. Директорот на ЈП “Градски пазар“, Тони Коталески и денес јавноста ја остави покуса за одговори на неколку прашања поврзани со дислокацијата на пазарот поради започнувањето на изградбата на современиот зелен...

Continue reading

Дислокацијата на градскиот пазар продолжува , а и молкот од надлежните

Post Views: 4 Паркингот во близина на грдскиот пазар во моментов половина функционира како паркинг а другата половина е со тезги. Од едната страна е поставена ограда а од спротива сеуште има ограден простор за одлагање смет и контењери.  Охрид има потреба од современ затворен градски пазар. На негова изградба се чека со години а тој беше дел од сите изборни ветувања на политичарите. Токму затоа граѓаните очекуваа дека имаше доволно време за изнаоѓање соодветен простор за времен пазар додека трае изградбата на новиот. Во јавноста беа лиферувани информации за неколку можни локации меѓу...

Continue reading

Градскиот пазар празен на-10

Post Views: 0 Охридскиот пазар речиси празен. На температури под -10 ретко кој од пазарџиите се охрабрил да излезе и да ја продава својата стока. Тие се жалат дека пазарот нема никакви услови за работа. На зима смрзнуваат, а на лето не се издржува од пеколните горештини. Поради ваквите температури трпат и производите. Повеќето од нив им измрзнале. Пазарџиите прашуваат кога конечно ќе се направи затворениот пазар кој се ветува години наназад. Велат дека последен пат им било кажано дека во септември минатата година ќе започнат градежнитѕе работи околу изградбата на современ затворен...

Continue reading

Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 4 Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад. Од Локaланата велат дека иако некои општини ги откажаа прославите на плоштад, Охрид како туристички центар каде се очекува да пристигнат неколку илјади гости, не се откажува од оваа традиција. Од буџетот на општината за оваа намена се издвоени околу 5000 евра. Прослава на плоштад ќе има и за туристите и за охриѓани, но сеуште не се знае кој ќе ги забавува. Се шпекулира дека годинава нема да има некое познато име од македонската естрада туку дека забавата ќе ја прават локални уметници и групи. Секторот за култура...

Continue reading

Градскиот стадион ќе биде затворен за фудбалска употреба до крајот на август

Post Views: 1 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од денес до крај на месецот август Градскиот стадион “Билјанини Извори” ќе биде затворен за фудбалска употреба. Имено на фудбалскиот терен во овој период ќе се изврши замена на стариот бусен со нов на деловите каде што е потребно. Исто така ќе се изврши аерификација и најважното од сите активности во овој период, после отварањето на стадионот пред 45 години ќе се заменат фудбалските голови со нови со што Градското фудбалско игралиште после електронското наводување ќе добие и најсовремени голови...

Continue reading

Хаотична 61ва седница на градскиот совет

Post Views: 4 Надмудрувања, исмејување, убедување, гласање и прегласување беше одликата на 61вата седница на градскиот совет. Предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража го вжешти микрофонот на говорницата, но и главите на советниците. Додека од опозицијата се обидуваа да докажат дека катна гаража на градов му е потребна, но дека таа не треба да биде лоцирана на паркингот кај Ривиера за кој простор денес се дискутираше, од позицијата...

Continue reading

Дали е вистински момент за реконструкција на градскиот кеј

Post Views: 1   Најавената реконструкција на градскиот кеј со средства од над милион евра од буџетот на општина Охрид, за Локалната самоуправа е нужно поради нарушена статиката на шеталиштето, додека пак од опозицијата не се убедени во неопходноста на ваков скап зафат во ова време. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески истакна дека како резултат на три и пол годишното домаќинско и одговорно работење оцениле дека во овој перод буџетот на општина Охрид е во кондиција да ја поднесе инвестицијата за реконструкцијата на Кеј Македонија. „Од соодветна институција е добиено мислење...

Continue reading

Во охридскиот градски парк исечен кедер

Post Views: 7   Во паркот, во близина на хотел Ривиера утрово беше исечено  дрво. Службите на ЈП Комуналец за кастрење и сечење на дрва  добиле решение од надлежната општинска комисија да го исчaт дрвото на 19 септември годинава. Комисијата за сечење дрва при локалната самоуправа  издала решение за да се исече  дрвото заради безбедносни причини. Констатирале дека кедaрот  во целост е исушен. Од ЈП Охридски  комуналец деновиве до Комисијата за сечење побарале уште една дозвола. Побарале да се исече чинар кој исто така е исушен. Од ЈП „Охридски  Комуналец“ велат дека ќе ја испочитуваат...

Continue reading

Уништени канделабри на градскиот плоштад

Post Views: 7   Уништени канделабри во централното градско подрачје во Охрид. На градскиот плоштад од неколку канделабри висат електрични кабли. Тоа не само што претставува грда слика за ова фрекфентно место каде што најмногу циркулираат родители со мали деца, туку е потенцијална опасност по безбедноста на луѓето. Па оттука и оправдани се стравувањата на граѓаните кои ги анкетиравме дека надлежните треба да ги санираат штетите, а несовесните граѓани да престанат да дивеат по општото добро на градов. „Посебно треба да се внимава, бидејќи многу деца од незнаење можат да ја пикнат раката...

Continue reading

Ќе се проширува ли градскиот превоз со уште неколку нови линии

Post Views: 0   Локалната најавува воведување на уште неколку нови градски линии. Планирано е во функција да се стави линијата која ќе поминува по улица „Партизанска“, пред ФТУ и по улицата „Асном“. Но се поставува прашањето дали и колкава ќе биде економската оправданост за автопревозниците кои ќе возат на овие линии. Ние како фирма немаме пројавено интерес и нема да учествуваме на тендерот. Сметаме дека овие две линии и уште неколку кои ги покриваме се сосема доволно и ги задоволуваат потребите земајќи го во предвид капацитетот на градот, вели Димитар Василевски – директор на АД...

Continue reading

plastenik

Охридскиот домат доцни на тезгите на градскиот пазар

Post Views: 6 Познатата сорта охридски домат доцни со зреење. Обично охридскиот домат на пазарот се појаува на почетокот од јуни, но променливите временски температури негативно се одразија врз развојот на охридскиот домат кој се одгледува во пластениците. Охридските земјоделците кои одгледуваат рано градинарски култури под пластеник мора да внимаваат не неколку постапки во одгледувањето  препорачуваат поискусните  земјоделци за да ги заштитат растенијата. „Мора да внимаваат на проветрување на пластениците. Во ноќните часови пластениците да се отворени што за жал не се практикува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top