• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дали паркингот, каде забрзано се дислоцира градскиот пазар, е соодветно подготвен за безбедно тргување со храна?

Дали паркингот, каде забрзано се дислоцира градскиот пазар, е соодветно подготвен за безбедно тргување со храна?

За брзо ќе се удира темелот на современ затворен градски пазар. Настан кој охриѓани долго го очекуваат. Но дали на просторот на паркингот каде се дислоцираат тезгите веќе неколку денови, обезбедени се соодветни услови за да функционира како зелен пазар на кој безбедно ќе се тргува со прехрамбени производи. За ова прашање, од Директорот на ЈП Градски Пазар , молк.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Интензивно се работи на дислокацијата на градскиот пазар. По се изгледа набрзо ќе се фрла лопата за изградба на новиот затворен пазар. Иако нешто повеќе од 3годни паркинг просторот беше една од локациите која се најавуваше за привремено организирање градски пазар додека се гради новиот, деновиве се добива впечаток дека просторот не е соодветно подготвен за таа намена.

Директорот на ЈП “Градски пазар“, Тони Коталески и денес јавноста ја остави покуса за одговори на неколку прашања поврзани со дислокацијата на пазарот поради започнувањето на изградбата на современиот зелен пазар. Иако го бараме од првиот ден кога започна дислокацијата на пазарот, односно пред една недела, директорот не се одважи да даде изјава.

Коталески не ни одговори на следните прашања: Зошто преместувањето на пазарот дојде преку ноќ, од која беа изненадени и самите закупци на тезги.  Зошто како локација се избра паркингот во негова близина а не просторот кај маркетот КАМ кој се споменуваше во повеќето наврати како соодветна локација со потребните услови за дислоцирање на пазарот. Дали просторот каде сега се сместени тезгите , односно паркингот, соодветствува со условите потребни за пазар на кој се продаваат прехрамбени производи. Дали претходно истиот беше дезинфициран и дали има дозвола од санитарната инспекција. Како ќе функционира овој простор. Дали на пола локација ќе има тезги и ќе се продава зеленчук овошје и други прехрамбени производи  а на пола ќе се паркираат возила кои ќе ги трујат производите со издувни гасови. Дали ќе бидат отстранети контењерите и оградените простори за одлагање на комунален смет кои зафаќаат добар дел од паркингот и од кои се шири реа посебно на пролет и лето.  Каде ќе одат дел од вработените кои досега работеа на паркингот и како ќе се одрази финансиски врз јавното претпријатие тоа што ја губи наплатата од паркингот.

Откако Тони Коталески ја презеде раководната функција во ЈП „Градски Пазар“ комуникацијата со нашиот медиум ја сведе на смс пораки дека е на состанок и кратки телефонски разговори во кои тој ни ветуваше дека ќе излезе пред камерата на ТВМ за потоа да не одговора на повиците.
Пред камерата на ТВМ, Коталески за време на неговото директорување од 2013 год. до сега појавен е десет пати, и тоа само при отворањето на велигденскиот пазар, автопазарот, при отчетот за работењето даден во 2015 та год. и при најавување на некои проекти од типот на цветен пазар , тематски саеми во рамки на пазарот, мини пазари во Далјан, Пештани, населба Охридати уредени со струја , вода, тоалети, градска авто перална и слично, кои останаа само како идеи. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top