Ознака: градскиот

ИНТЕНЗИВНИ МЕРКИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Post Views: 3 Почитувајќи ги мерките за заштита  од  Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на  градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието.   Во насока на превенирање  и спречување на  ширење  на вирусот  секојдневно се врши мерење на  телесната температура на вработените  и на закупците на тезги во пазарот. Со високиот стандард на хигиена  претпријатието , несомнено гради  безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.

Continue reading

Зголемена потрошувачката на вода за пиење во градскиот водовод

Post Views: 2 Потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод е зголемена. Тоа е резултат на зголемениот број на гости во градот, но и на расипничкото трошење на водата со полевање на бавчи и полнење на базени. Во текот на летната сезона се случува жителите од повисоките делови од градот, висококатниците и приградските населби да имаат намален притисок на вода за пиење од водоводниот систем, напоменува Светозар Стефановиќ, директор на ЈП „Водовод“„. „Да се поведе сметка околу рационалната потрошувачка на вода, во смисла на полнење на базени, залевање на паркови и бавчи со цел...

Continue reading

500 евра казна за мини здолништа и длабоки деколтеа

Post Views: 5 Кастеламаре ди Стабиа, во близината на Неапол, планира да воведе парични казни за жените кои носат провокативна облека. Градскиот Совет најверојатно ќе казнува за носење мини здолништа и длабоки деколтеа со 500 евра, а за носење пантолони со низок струк ќе бидат казнувани и мажи и жени. Тоа е дел од проектот „41 правило кои секој добар граѓанин мора да ги почитува“ а е замисла на градоначалникот Луиџи Бобио, припадник на десниот центар. Тој тврди дека со својата програма сака „да го врати урбаниот декор и да го подобри соживотот“ и да ги казни луѓето кои се „гласни,...

Continue reading

Расфрлано ѓубре кај Градскиот пазар во Охрид

Post Views: 9 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија, наши сограѓани испратија слика преку која реагираат на расфрлан отпад од несовесни лица во Градскиот пазар во Охрид. Строг центар, позади БАКО и ресторанот Стар Чинар, во делот на Градскиот пазар. Депонија !!! – напишаа нашите сограѓани под фотографијата.

Continue reading

Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”

Post Views: 1 Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”. Тие ќе траат петнаесеттина дена после што следува самата изградба на трибината. Таа ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1450 седишта, ќе има Вип ложа и камермански дел од каде ќе можат да се следат и снимаат фудбалските натпревари. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, а изведувач е Енергоинвест ДООЕЛ од Скопје. Ќе добиеме една модерна трибина со модерни соблекувални...

Continue reading

Повторно откорнати бекатон плочките на градскиот кеј

Post Views: 8 Југот и високите бранови повторно ги откорнаа бекатон плочките на градскиот кеј. Граѓаните реагираат и од безбедоносни, но и од естетски причини. Велат дека бекатонот воопшто не е соодветен материјал за ваков простор како што е градскиот кеј и бараат што побрзо пропустот кој се направи пред петнаесеттина години кога беа поставени да се исправи при реконструкцијата на кејот.Па искрено кажано бекатон плочките не се најдоброто решение за кејот, но во тоа време така било одлучено.Со неговата реконструкција тоа ќе се исправи. Да се надеваме дека тој проект ќе се спроведе...

Continue reading

Весело на градскиот плоштад во Охрид за новогодишната ноќ

Post Views: 0 Весело, разиграно и распеано охриѓани и бројните  гости од земјава и странство синоќа ја дочекаа Новата 2020 година на охридскиот плоштад. Илјадници посетители, преполн плоштад, насмеани  лица, задоволни и гостите  и домаќините. Круна на вечерта беше  новогодишниот    огномет. На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот. – „Првично здравје, да сме здрави живи сите после се друго што треба ќе си дојде“ ,вели Константин Горгиески градоначалник на општина Охрид. За забавата на...

Continue reading

Масовно труење на напуштени кучиња се случи на градскиот плоштад

Post Views: 6 Мачна слика на градскиот плоштад од агонијата во која се најдоа две бездомни затруени кучиња. Засега непознат сторител се обидел масовно да ги отруе напуштените кучиња во градскиот парк. Овој нецивилизиран чин, кој наиде на остра осуда од охриѓани, заврши со едно пцовисано куче, а за две, ветеринарот кој дојде на повик на Здружението за заштита на животните „ Анималија“, се бореше да им ги спаси животите. Климент Арнаудов, активист од Анималија, стравува дека бројот на затруени кучиња може да биде поголем. „ Може има и други отрови расфрлани на околу. На терен сме и...

Continue reading

arhitekti struga

Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга

Post Views: 1 Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат. „Треба да придонесеме и да дадеме еден поинаков...

Continue reading

Со полн капацитет работи градскиот отворен базен

Post Views: 0 Градскиoт базен работи со полн капацитет. Отворен е за пливачите и рекреативците од девет часот наутро до 20 часот навечер. Интерес за користење на двата базени има од школите за пливање и од рекреативците, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува и се грижи за одржување на големиот и малиот градски базен. „ Водата е беспрекорно чиста, испитана е, добара е  хемиски и бактериолошки. Водата е топла во текот на денот и температурата се движи од 25 до 27 степени.  Ние го сервисираме претходно базенот  и нема проблем. Напојувањето на...

Continue reading

Мнозинството советници во Градскиот совет дадоа поддршка за зголемување на платите во детската градинка Јасна Ристеска

Post Views: 1 Вработените во детската градинка Јасна Ристеска ќе земаат повисока плата за 16 посто и ќе имаат нова систематизација на работните места. Ова е епилогот од денешната итна седница на која охридските советници дадоа согласност за усогласување на подзаконски акти по донесувањето на законските измени во Законот за детска заштита од 18 јуни. Советниците од позицијата на денешната итна седница дадоа поддршка за зголемување на платите на вработените, но не и четворицата советници од опозицијата. Советничката Гордана Коњаноска при тоа упати критика од технички аспект. „Сите имаме...

Continue reading

Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници

Post Views: 4 Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници, информираат од ЈП „Билјанини извори“. Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активностикои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен. Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top