• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Мнозинството советници во Градскиот совет дадоа поддршка за зголемување на платите во детската градинка Јасна Ристеска

Мнозинството советници во Градскиот совет дадоа поддршка за зголемување на платите во детската градинка Јасна Ристеска

 На итна седница беа усогласени подзаконски  акти по донесувањето на законските измени во Законот за детска заштита со кој вработените во градинката ќе земаат повисока плата за 16 проценти. Советниците од опозицијата се изедоа од денешното гласање. 

 |  Валентина Неловска  | 

Вработените во детската градинка Јасна Ристеска ќе земаат повисока плата за 16 посто и ќе имаат нова систематизација на работните места. Ова е епилогот од денешната итна седница на која охридските советници дадоа согласност за усогласување на подзаконски акти по донесувањето на законските измени во Законот за детска заштита од 18 јуни. Советниците од позицијата на денешната итна седница дадоа поддршка за зголемување на платите на вработените, но не и четворицата советници од опозицијата. Советничката Гордана Коњаноска при тоа упати критика од технички аспект.

„Сите имаме причина да го поздравиме како одлука зголемувањето на платите кои се ниски во градинките , кој не би поддржал. Но, начинот на кој ние дискутираме и ќе гласаме ќе треба да е поттик да се подобри ефикасноста и одговорноста на службениците кои се во позадина на оваа седница и кои треба да водат сметка за роковите на седниците“, рече при тоа Коњаноска.

Советниците од опозицијата се повикаа на иземање од гласањето и не го послушаа повикот на колегата Мишел Силјаноски, советник од СДСМ. Силјаноски апелираше заедно да им се даде поддршка на вработените во детската установа за да добијат повисока плата.

„ Согласно измените на Законот за заштита на децата и согалсно одлукат на Влада има утврдување на минималниот износ на вредноста на бодот кој ние сме должни да го усогласиме и да донесеме одлуки, д да ги промениме интерните акти во детската градинка Јасна Ристеска. Со донесување на одлуките сите вработени, воспитувачи, негователи и раководители според Колективниот договор ќе добијат зголемување на платите за 16 посто, сметано од јунската плата“, напомена Силјаноски.

Покрај согласноста за зголемување на платите беа усвоени и Правилниците за внатрешна организација на работните места и за систематизација на работни места, како и утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите давателите на јавни услуги и на директорите во јавните установи за деца за 2019 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top