Ознака: градскиот

Проблемот со кучињата скитници точка на дневен ред на градскиот Совет

Post Views: 3 До каде е постапката и дали функционира шинтерската служба во надлежност на ЈП Охридски Комуналец беше точка со која на барање на опозцијата беше надополнет дневниот ред на денешната 27ма седница на градскиот Совет. Кирил Пецаков координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека службата за прифаќање на бездомни кучиња не функционира, а кучињата скитници стануваат опасни и напаѓаат луѓе. „ Политичка волја има, формирана е шинтерска служба ,7-8 месеци разговараме за службата , а која е реалноста сите гледаме дека кулминираат нападите на бездомните кучиња“,...

Continue reading

Најмладите охриѓанчиња на Градскиот кеј се запознаа со различни видови на спортови

Post Views: 12 Денеска во Охрид се одбележува Европската недела на спортот, под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“. Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, организира рекреативен ден на Охридскиот кеј. Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската...

Continue reading

Ќе се реконструира градскиот кеј во Охрид

Post Views: 3 В. Д градоначалникот Константин Георгиески вели иако проектот за реконструкција на кеј Македонија беше ниско рангиран  од Светска банка заради недостиг на документација,  општината не се откажува, повторно ќе аплицира за пари за оваа намена. Лицето на градот Охрид, местото каде уживаат гостите и охриѓани,  ќе добие сосема нов современ  лик. Сега е обезбедена комплетната документација со правосилно одобрение за реконструкција на кејот.  „Сега имаме одобрение за градба од министерство за транспорт и врски кое што е правосилно и тоа ние како документ во нашата апликација...

Continue reading

Ново хортикултурно катче-дрвен воз во градскиот парк

Post Views: 0 Од денеска градскиот парк го краси дрвен воз кој 100% е сопствено производство на вработените од „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец. Во градскиот парк во близина на детското игралиште е формирано ново хортикултурно катче од дрвена композиција-воз во кој се поставени цветни жардињери и декорирано со украсен камен. Дрвениот воз е изработен од стеблата од дрвја кои се отстранети од различни критични точки на територијата на општина Охрид, а вработените со голема умешност истите ги издлабија и формираа уникатно дело.

Continue reading

Кучињата скитници ги има во се поголем број низ градскиот парк, по кејот, чаршијата

Post Views: 3 Никако да се стави крај со појавата на кучиња скитници. Напротив, во овие летни денови кучињата ги има во се поголем број. Деновиве, се забележува глутница од напуштени кучиња кои слободно се шетаат низ градскиот парк, по кејот низ чаршијата помеѓу туристите. Кучињата скитници од различни раси и големини ги има и во детскиот парк , а се забележуваат и како пијат вода од градската фонтана. Ваквата појава трае со децении и секој ја доживува на свој начин. Кај некои луѓе предизвикува страв од каснувањ и зарази , кај други сочуство и ги хранат, а најмногу има зачудени туристи...

Continue reading

Мнозинството во градскиот совет ги изгласа одлуките за зонско паркирање и новиот начин на наплата

Post Views: 1 Проширувањето на паркинг зоните и новиот начин на наплата ги раскара  охридските советници. За  ВМРО ДПМНЕ  одлуката сите улици во центарот на градот да бидат паркинзи со наплата  е небулозна. Претворањето на улиците во паркинзи во Стариот град и   низ централното градско подрачје ќе предизвика дополнителен сообраќајен хаос , но и дополнителен трошок за охриѓани и викендашите,  особено на оние кои живеат во центар. Според советниците од ВМРО ДПМНЕ  скандалозно е што зад одлуката не постои сообраќајна студија, а  дополнително ќе бараат кривична одговорност  од директорката...

Continue reading

Градскиот хор Вокс Лихнидос се подготвува за својот годишен концерт

Post Views: 0 Градскиот хор Вокс Лихнидос интензивно се подготвува за својот годишен концерт. Четириесеттината членови од најразлична возраст двапати неделно интензивно вежбаат за на публиката да и приредат едно незаборавно доживување. Ќе бидат изведени дванаесет композиции и тоа од најразлични жанрови, ќе има духовни песни, песни од класичната музика, но и модерни нумери. Диригентот Бурим Хидри вели дека кога го одбира репертоарот секогаш се труди да биде шаренолик и да има за сите по нешто. Уште кога станав диригент на хорот јас направив избор на репертоарот со кој ќе настапува...

Continue reading

Охридските млади музичари свиреа на градскиот плоштад за малата Мил

Post Views: 0 Десетина охридски млади музичарии одржаа свирка со хуманитарен карактер. Со своите инструменти свиреа акустична музика. Покажаа дека се хуманисти и ги повикаа сограѓаните да се вклучат во животната битка на малата Мила која треба да оди на оперативен зафат во Кина. „Охриѓани да останат и да продолжат со својата хуманост. Охрид отсекогаш бил град на хуманоста. Секогаш кога требало да се направи хумнитарен настан на музички или спортски план охриѓани се приклучуваат. И понатaкада останат хумани “, порача младиот волонтер и хуманист Лео Спасески. Двочасовниот музичко хуманитарен...

Continue reading

spomenik

Се распаѓа споменикот на револуцијата во Струга

Post Views: 5 Споменикот на револуцијата во Струга претворен е во невидена руина. Местото на градскиот плоштад, каде до пред само некоја година постарите стружани враќајќи се од пазар да се одморат и да се напијат голтка вода, а помладите да се состанат и разменат по некој муабет, не само што ја грди сликата на градот туку претставува општа опасност по безбеднодта на луѓето. Расфрлан отпад насекаде, искршени плочки и фрлени во фонтаната која одамна не е во функција, отворени дупки долги дури и по два метри а длабоки по половина метар, шахти, искршени столчиња и што уште не, се дел...

Continue reading

Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 1 Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид по повод Денот на шегата. Таму денес се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детскиот џагор и смеа. Иако 1 Април се падна во недела , најмалите охриѓанчиња од градинката Јасна Ристеска на првиот работен ден продефилираа маскирани низ охридските улици. Главнот настан се случуваше на градскиот плоштад каде беа изведени посебни кореографии и музички точки. Децата на посебен начин го доживуваат музичкиот хепенинг. Тие се секогаш подготвени за шега, и тие со радост сакаат секој ден да се пошегуваат на овој ден, кој традиционално...

Continue reading

Финишираат подготовките за новогодишната прослава на Градскиот плоштад

Post Views: 2 Финишираат подготовките за новогодишната прослава на плоштадот „Св. Климент Охридски“ која ќе започне во 19.30 часот, информираат од Општина Охрид. А, финишираат и подготовките на СВР Охрид за покривање на целото подрачје на општина Охрид во однос на безбедноста при  прославувањето на новогодишната ноќ, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.  Полициски службеници ќе бидат не само во централното градско подрачје, туку и мобилни патролни служби од полициски службеници ќе бидат низ централното градско подрачје, но и останатите делови од градот, каде што имаме прослава...

Continue reading

Осмата седница на градскиот совет во знакот на јавните претпријатија во градов

Post Views: 3 Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски пазар“, создаде дилема кај советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие во име на пазарџиите прашуваа дали и колку ќе се покачат цените кои ги плаќаат закупците на тезги. Константин Ѓеоргиевски, координаторот на советничката група на СДСМ објасни дека во целокупниот ценовник на Градски пазар има само законско регулирање на одредени услуги кои ги давал градски пазар, а досега не биле регулирани со закон. Станува збор само за воведување ред во издавањето на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top