Најмладите охриѓанчиња на Градскиот кеј се запознаа со различни видови на спортови

Денеска во Охрид се одбележува Европската недела на спортот, под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“. Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, организира рекреативен ден на Охридскиот кеј.

 |   | 

Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на спортот и ќе собереме сила да продолжиме да го подобруваме и промовираме спортот. Ден за сите, дојдете и придружете ни се во прекрасниот Охрид и активирајте се со нас – вели Борис Џутески локален координатор на Европска недела на спортот во Охрид.

Секако дека на овој настан најмногу му се израдуваа најмладите охриѓанчиња кои имаа можност да се запознаат со неколку видови на спортови, односно да се анимираат и да се заинтересираат за активно учество во истите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top