Охридските млади музичари свиреа на градскиот плоштад за малата Мил

Охридските млади музичари свиреа на градскиот плоштад за малата Мила. Во организација на охридскиот Црвен Крст се собираа донации за нејзино  лекување со оперативен зафат во Кина. Младите мзуичари хуманисти упатија  порака до сограѓаните  и понатака да бидат хумани како што тоа го покажувале секогаш во ситуации кога треба помош.

 |  Валентина Неловска  | 

Десетина охридски млади музичарии одржаа свирка со хуманитарен карактер. Со своите инструменти свиреа акустична музика. Покажаа дека се хуманисти и ги повикаа сограѓаните да се вклучат во животната битка на малата Мила која треба да оди на оперативен зафат во Кина.

„Охриѓани да останат и да продолжат со својата хуманост. Охрид отсекогаш бил град на хуманоста. Секогаш кога требало да се направи хумнитарен настан на музички или спортски план охриѓани се приклучуваат. И понатaкада останат хумани “, порача младиот волонтер и хуманист Лео Спасески.

Двочасовниот музичко хуманитарен хепенинг беше во организација на ОО Црвен Крст и граѓаните имаа можност да ја покажат својата хуманост. Со овој настан Клубот на млади се вклучи во собирање на донации за лекување на 15 месечната Мила.

„И порано сме имале акустични свирки на градскиот плоштад. Сме имале добри резлулати со собрани парични сретства. Се надевам на одзив на охриѓани за помош и на малата Мила “, рече Бисера Николоска ОО ЦК лидер на клубот на млади.

На музичко хуманитарниот хепенинг свиреа волонтерите на ОО ЦК Лео Спасески, Огнен Секулоски, Марко Јованоски, Герги Пандо, Јован Јованоски, Ристе Лекоски, Калин Арнаудов и Филип Неделкоски.

 

Волонтерите од Клубот на млади при ОО ЦК на градскиот плоштад ќе бидат присутни и утре каде што ќе трае донаторската акција со охридските танчери.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top