Финишираат подготовките за новогодишната прослава на Градскиот плоштад

Предновогодишните забави се во полн ек, а финишираат подготовките и за новогодишната прослава на градскиот плоштад. Од СВР Охрид информираат дека тие се подготвени во однос на безбедноста при прославувањето на новогодишната ноќ. Упатија апел и до угостителските работници строго да се придржуваат до законските одредби и во најлудата ноќ.

 |   | 

Финишираат подготовките за новогодишната прослава на плоштадот „Св. Климент Охридски“ која ќе започне во 19.30 часот, информираат од Општина Охрид. А, финишираат и подготовките на СВР Охрид за покривање на целото подрачје на општина Охрид во однос на безбедноста при  прославувањето на новогодишната ноќ, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид. 

Полициски службеници ќе бидат не само во централното градско подрачје, туку и мобилни патролни служби од полициски службеници ќе бидат низ централното градско подрачје, но и останатите делови од градот, каде што имаме прослава на новогодишната ноќ – истакна Димоски.

Од СВР Охрид упатија апел и до угостителските работници строго да се придржуваат до законските одредби и во најлудата ноќ. Да не примаат малолетни лица после 24 часот во своите угостителски објекти. Исто така да водат грижа дали гостите имаат валидни безбедносни сертификати и нагласи дека контролите ќе бидат постојани и во различни временски периоди.

Целта на овие мерки е зачувување на поволната и стабилна безбедносна состојба на целото подрачје на СВР Охрид, но секако и превенирање на сите можни сторители на кривични дела, односно на луѓе кои што престојуваат на подрачјето со цел да извршат имотни и други деликти – додава Димоски.

Инаку, охриѓани и гостите кои ќе одлучат новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад ќе ги забавуваат: Урбан планет, Марија Савеска, „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Силви бенд“, „Камелеон“, Ѓоко Танески и Ема, „Шармери“, Татијана Стефаноска, диџеите Фејс, Гец и Јана Слеј. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top