Ознака: градскиот

Училишните и надзорните одбори во охридските образовни установи тема за политчко препукување во градскиот совет

Post Views: 0 Советниците од Вмро Дпмне и денес ја напуштија седницата на Советот. Дојдоа и заминаа по првата точка од дневниот ред упатувајќи обвинувања по предлог одлуките за разрешување и именување на членови во надзорниот одбор во градинката и во училишните одбори на општинските училишта. „ Именувањето во училишните одбори и надзорниот е незаконски. Постојат луѓе на кои не им е истечен мандатот, а се менуваат. Целта е назначување на Управни одбори по мерка на локалната власт.Врз основа на тоа управните одбори ќе одлучува в.д. директори да станат официјални директори на училиштата“,...

Continue reading

Локалната не обелоденува до каде е проектот за градскиот Кеј

Post Views: 6 Се санираа некои делови на кејот кои неодамна беа оштетени поради неповолните временски услови. Но, бидејќи санацијата не беше направен веднаш кога бекатонките со кои е поплочен кејот беа извадени, гостите кои го посетија градов за време на новогодишните, божиќните празници и Водици го видоа во не баш најубаво светло. Ова е причина повеќе новата локална власт што побрзо да започне со реализацијата на проектот за санација и реконструкција на кејот кој започна уште во 2015та год. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека на најрепрезентативното шеталиште во туристички...

Continue reading

Пожар на старата трибина од градскиот стадион „Билјанини извори“

Post Views: 8 На 26.02.2022 година во 20.45 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар на старата трибина од фудбалското игралиште на спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид. Повредени лица нема, а предизвикана е мала материјална штета. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Незаборавен дочек на Новата година и на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 0 Охридскиот плоштад беше преполн со гости кои Новата 2018 година ја дочекаа на отворено. Забележливи беа многу весели и распеани лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Охрид беше преполн со туристи кои допатуваа за новогодишниот дочек од околните земји, а најбројни беа гостите од соседна Србија. Градот блескаше во својата магична новогодишна декорација и кај присутните влеваше надеж и оптимизам за подобра и посреќна 2018-та година. Од градскиот плоштад се обрати градоначалникот Јован Стојаноски од каде упати желби за многу здравје, успех и благосостојба во...

Continue reading

Локални ѕвезди ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 0 Даниел Кајмакоски и Анита Мицова се музичарите кои ќе им посакаат среќна нова година на сите оние кои на 31 декември ќе бидат на градскиот плоштад. Локалната самоуправа иако со тенок буџет сепак организира дочек на отворено на задоволство на охриѓани, но и на гостите кои го избрале Охрид за дестинација каде ќе ги поминат новогодишните празници. Оваа година нема звучни имиња на уметници кои ќе настапат на плоштад за дочекот на новата година иако тоа се очекува од еден туристички центар како што е Охрид. Заради краткиот период и ограничените финансиски средства со кои...

Continue reading

Водата од градскиот водовод е со добар квалитет за пиење.

Post Views: 3 Последните испитувања на мостри со вода за пиење од градскиот водовод и површинските води во Охрид покажале дека се со добар квалитет. Во охридската водоводна мрежа нема индикатори за нарушување на квалитетот на водата за пиење, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Она што загрижува, а не е ново, што во водоснабдувањето со водата за пиење се селските водоводи продолжува практиката да не се употребува средство за хлорирање. Во селските водоводи 70 посто од водата е со добар квалитет, но 30 посто од земените мостри во селата покажауваат дека нема средство за хлорирање...

Continue reading

МЛАДИТЕ ЗДРАВИ ДРВЈА ОД „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ” СЕ ПРЕСАДУВААТ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Post Views: 7 Поради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на ул. „Македонски Просветители“, здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори се пресадуваат во градскиот парк. Акцијата ја спроведуваат екипи на ЈП „Охридски Комуналец” кои јаворите ги засадуваат на локации каде претходно се отстранети стари и уништени дрвја. Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите.

Continue reading

Импровизирани тезги распослани на тротоарите околу градскиот пазар создаваат сообраќаен метеж

Post Views: 0 Понеделник е пазарен ден во Охрид, но истовремено и ден кога туристичкиот центар пред гостите испраќа грда слика и сообраќаен хаос од т.н место градски пазар. Тротоарите околу пазарот се претвараат во продажен простор со поставување на импровизирани тезги на земја. Се создава невидена мешаница која наликува на земјите од третиот свет. Коловозот за мотороните возила се претвора во место каде што се создава сообраќаен хаос при несоодветното тргување. Тука врие од продавачи и купувачи, паркирани возила за дотур на стока, пешаци  и разни учесници во сообраќајот кој едвај...

Continue reading

Советниците се претворени во гласачка машинерија, реагираат охридските избраници во градскиот Совет

Post Views: 4 Во охридскиот градски совет во последните 4 години функцијата советник е постојано деградирана, реагираат советниците Јован Стојаноски од СДСМ и Јоне Станкоски од ВМРО НП. Доведени сме во ситуација само да го подигнеме гласачкото ливче , критикуваат совениците од опозицијата. Ние сакаме конструктивни дискусии во градскиот совет, подвлекува Стојаноски. „Ние како советници материјалите не ги добивме навреме. Критиката е упатена за начинот на доставување на материјалите како советници за да може да дискутираме. Не сакам да доаѓам на седница неспремен без да знам детали...

Continue reading

Акција за отстратнување на дивите тезги низ градската чаршија и долж градскиот кеј

Post Views: 0 Состојбата со диво поставените тезги низ чаршијата и долж градскиот кеј во најбрзо време ќе биде искоренета, вети Градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе се санкционираат сите оние кои поставиле тезги и реквизити вон Програмата за поставување на урбана опрема, а се тоа согласно законите и ингеренциите дадени на Локалната самоуправа, а информира и дека соодветно ќе биде санкционирана и инертноста на службите на Општинскиот инспекторат. „Морам да признам дека последнава недела или последниве десет дена имаше потфрлање на во работата и одговорноста на Општинскиот инспекторат...

Continue reading

Вратата на градскиот базен е затворена

Post Views: 0 Двата отворени градски базени и денес не беа наполнети со вода. Влезната врата остана заклучена. Не беше дозволен влез во кругот на базените. Големиот базен е полупразен, а малиот воопшто не е наполнет со вода. Сезоната за капење е веќе почната и во осмиот ден од месец јули базените не проработеа. Се „удавија“ во вода ветувањата од СРЦ дека од 3 јули базените ќе се пуштат во употреба бидејќи подготовките за полнење се при крај. Телефонски го контактиравме Директорот на ЈП Билјанини извори, Ристе Мишев кој само кратко прокоментира дека базените се полни со вода и ќе почнат...

Continue reading

Локацијата каде што е преместен градскиот пазар не е најсоодветно решение

Post Views: 2 Просторот каде што сега е сместен градскиот пазар е крајно несоодветен. Во пазарот е темница, а продажните тезги се збиени една до друга, така што купувачите едвај се разминуваат при пазарење. Во пазарен ден во понеделник е вистински хаос. Закупците и купувачите се жалат на лошите услови, а продавачите се жалат дека на пазарот има се помалку купувачи. – Пазарот не е добар, хигиената е лоша.– Не сме задоволни од условите во пазарот.-Под ламарината сме како под сач над нашите глави, жешко е, а нема ни место каде да ја оставаме за дотур робата која ја продаваме....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top