Ознака: градскиот

litija

Бадникова поворка низ охридските улици

Post Views: 6 Три и пол годишната  Теофанија беше дел од Бадниковата поворка составена од над 300 дечиња. Тие ја пееја Коледарската песна Вечниот бог , а во рацете носеа фенерчиња и звезди. Поворката со радосната песна го најавува Христовото раѓање и внесе светлост и радост  низ охридските улици. Оваа Бадникова поворка се организира по втор пат, вели една од организаторите Летка Филипова. „Ние како организатори сме среќни што успеваме околу 300 деца да ги организираме и да ги научиме да ја пеат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Самиот Христос...

Continue reading

lizgaliste

Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има

Post Views: 1   Дилемата разрешена. Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има. Граѓаниоте посебно помладите останаа покуси за една атракција во зимскиот период кога во градов има малку анимациски активности каде би можеле да го трошат своето слободно време. Оваа година за жал по огласот што го имавме објавено не се јавија заимнтересирани страни а веќе е доцна да објавуваме втор за да најдеме нова заинтересирана страна. Јас навистина жалам што оваа година Секторот за ТЛЕР не успеа да го реализира овој проект за кој минатата година од многумина бевме пофалени, рече градоначалникот...

Continue reading

elka

Светна новогодишната елка во Охрид

Post Views: 3 Светна новогодишната елка на градскиот плоштад , чин со кој Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и официјално го означи почетокот на новогодишните празнувања во нашиот град. Никогаш досега на градскиот плоштад  немало толку многу помошници на Дедо Мраз. Стотина дечиња од градинката Јасна Ристеска и младите танчери од студиото за танци „Соната“ со своите песни и танци го најавија доаѓањето на Новата Година.  Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески информираше дека годинава празнувањата ќе започнат на 22-ри декември, а во десетдневната програма ќе има содржини...

Continue reading

kukjarki plostad

Апостолов: Дрвените куќарки ќе се постават ако има лизгалиште

Post Views: 5 Неизвесно е поставувањето на 6 те типизирани куќарки на градскиот плоштад за престојните празници. Нивната судбина зависи од тоа дали или не годинава ќе се постави лизгалиштето, како што изјави ракводителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов. „Претпоставувам дека доколку се јават заинтересирани оператори и се постави лизгалиштето ќе се пријави интерес за поставување и на такви куќарки, се зависи од тоа дали ќе имаме поставување на лизгалиште а се разбира дека тоа понатаму ги повлекува и другите содржини кои ќе бидат околу него“ – изјави Апостолов. Само за потсетување, минатата...

Continue reading

novogodisna programa

Владо Јанески ќе ја честита Новата 2015 година во Охрид

Post Views: 6 Предновогодишната забава во очи пречекот на 2015 година ќе започне од 22 и ќе трае до 31 декември. Петар Нечоски и охридскиот бенд Камелеон ќе ја загреваат атмосферата за новогодишната ноќ во Охрид, а Нова година на охриѓани и сите останати гости ќе им ја честита Владо Јанески. Раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов на денешната прес конференција информира за сите новогодишни активности. „На градскиот плоштад ќе се одвива богата културно уметничка програма која што во работните денови ќе биде во терминот од 18 до 20 часот додека за викендите од 12 до 18 при што на неа...

Continue reading

лого

Реакција на локалната на соопштението на ЛДП охрид

Post Views: 6 „Не сме изненадени од фактот што мала политичка партија во обид за ситни маркетиншки поени втора Новагодина по ред како новогодишна желба за популизам излегува во јавност со не вистинити, не точни, не аргументирани и воопшто законски не поткрепени изјави во однос на процедурата за поставување на лизгалиште на Градскиот плоштад.“ „Нас не не’ зачудува непознавањето на законската регулатива од страна на политичките партии сателити на претходната локална власт затоа што доколку навистина ја познаваа правната процедура сигурно ќе му сугерираа на нивниот градоначалник да не...

Continue reading

svecen rucek

Охриѓани масовно се собраа на градскиот плоштад да запалат свеќа и да се помолат пред свети Димитрија

Post Views: 4 Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, огромен број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад. „Многу убаво е. Луѓето се весели, да доаѓаат, да си го прослават, да остане од прадедо празникот и да не чува сите. Прво младите да се здрави и живи и да им даде Господ среќа, пари, работа, дечиња, кој...

Continue reading

liniski prevoz

ВМРО НП го поздравува отпочнувањето на градскиот линиски превоз за кој велат бил нивна идеја

Post Views: 5 Од Народна велат дека уште во 2012 година тие поднеле иницијатива во Советот на Општина Охрид по што била донесена одлука за почеток на истиот во интерес на граѓаните на Охрид. Додаваат дека истиот краток период во 2013 година функционирал но набрзо потоа бил прекинат. Од ВМРО Народна велат дека го поздравуваат тоа што Локалната конечно реализира една иницијатива од минатото. Тие додаваат дека позитивните работи секогаш треба да се поздрават, без разлика од кого се, како и тоа дека благодарение на нивната иницијатива, граѓаните ќе можат да се превезуваат низ населбите...

Continue reading

pazar

Хигиенско техничките услови на градскиот пазар, лоши, надлежните сеуште молчат околу изградбата на нов пазар

Post Views: 16 Охриѓани се жалат на хигиената и организираноста на градскиот пазар. Велат дека производите кои се продаваат не се чуваат правилно, голем дел од пазарџиите зеленчукот и овошјето го оставаат преку ноќ на тезгите покриено само со некои најлонски кеси,а многу пати гајби со производи можат да се видат и до тезгите поставени буквално на земја. Од ЈП „Градски пазар“ објаснуваат дека уредувањето на пазарот е пропишано со посебен правилник според кој закупците се задолжени секојдневно наутро да ја изложуваат стоката, а навечер да ја прибираат. Додаваат дека продавачите на сопствен...

Continue reading

rabotnik

Градскиот стадион затворен, санација на тревните површини

Post Views: 5 ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, сите корисници на градскиот стадион Билјанини Извори дека од денес 09.09.2014 до 27 септември градскиот стадион ќе биде затворен за користење поради редовната ( годишна ) санација и обнова на тревната површина. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите корисници за нивното разбирање и соработка за време на активностите кои ќе се реализираат во наредните денови се со цел да се овозможат уште подобри услови за тренинг и натпревари на сите фудбалски екипи и школи. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Почнува манифестацијата „Бело лето“

Post Views: 8 Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи. Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад со што ќе започне годинешната културно – забавна манифестација. Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка. И...

Continue reading

leten rezim

Од утре нов режим на сообраќај во градов

Post Views: 5 Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид. Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top