Почнува манифестацијата „Бело лето“

Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад.

logoЗа добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.

Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад со што ќе започне годинешната културно – забавна манифестација.

Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка.

И оваа година во манифестацијата се вклучени голем број угостителски објекти кои своите услуги ќе ги нудат со пониски цени од 10 до 30 %.

Манифестацијата „Бело Лето“ се одржува по втор пат со цел да овозможи добра забава за охриѓани и туристите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top