Ознака: градскиот

urbana oprema

Ова лето нема пченки и крофни на градскиот плоштад

Post Views: 11 Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа. –Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква...

Continue reading

avtobus

Доцни долго најавуваниот линиски превоз

Post Views: 0 Доцни долго најавуваниот линиски превоз. Градскиот  превоз кој требаше да профункционира уште минатата недела сеуште не се одвива.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира прашувајќи во што е проблемот. Од АД „Галеб“, фирмата која го доби тендерот за спроведување на линискиот превоз, објаснуваат кои се причините за тоа. –Во техничкиот дел доцнат работите. Линијата ќе почне да се вози многу скоро само треба некои технички детали да се дозавршат како поставување  информативни табли за доаѓање и поаѓање и...

Continue reading

aktivnost

„Нискоградба“ приклучува објекти на системот за одведување отпадни води

Post Views: 9 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, изведува градежни активности, кои се однесуваат на приклучок на објекти во системот за одведување на отпадни води. Едниот приклучок се изведува на ул. Радојца Новичиќ во градскиот реон, додека другиот се изведува кај  Хотелот Силекс. {loadposition content9}

Continue reading

korpa

Нови корпи за отпад на градскиот кеј

Post Views: 1 Ј.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк. Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје  во доменот на селектирање на амбалажниот отпад ,односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура. Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и  пепелник ...

Continue reading

oro za ginis

Ништо од орото за Гинис

Post Views: 0 Вистински дебакл се случи со македонското оро за Гинис. Охриѓани, бројните гости од земјава и од надвор, во Охрид на градскиот кеј повеќе од еден час чекаа за да видат дел од орото, а некои и да заиграат. Но од се тоа ништо. Помпезните најави на организаторите паднаа во вода, велат граѓаните, а дел од нив беа разочарани и коментираа дека најголемото оро за Гинис никој не го видел. „Немаше оро само наредени луѓе што се држевме за рака друго немаше. Значи минус за организаторот и ова е еден голем срам. Имаше деца од Турција во носии, од Албанија, доста наши облечени во...

Continue reading

komunalec

„Комуналец“ ги засилува активностите пред првомајските празници

Post Views: 0 Темелно се расчистени викенд населбите „Даљан“, „Расадник“, „Никола Карев„“ и др. Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска“, „Климентов Универзитет“ и „Кирил и Методиј“. Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад. И главната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ хортикултурно се уредува и трoтоарите се метат. Денот на трудот „1-ви Мај” вработените од „Јавна...

Continue reading

снег

Снежно априлско утро во Охрид

Post Views: 3 И Охрид утрово не беше поштеден од врнежите од снег кои го зафатија поголемиот дел од нашата држава. Врнежите во нашиот град за среќа се од помал интензитет и не предизвикуваат проблеми во одвивањето на градскиот сообраќај. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно, претпладне со обилни врнежи од дожд, на повисоките места...

Continue reading

осторв

Продолжува украсувањето на охридскиот градски кеј

Post Views: 1 Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, Ј.П.Охридски Комуналец засади 3 нови цветни  острови. Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи. Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид. Исто така, на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони  од  палмите кои беа засадени со минатогодишната...

Continue reading

pendarovski

Пендаровски: Македонија мора да биде земја на сите граѓани

Post Views: 0 Народот масовно бега од својата земја, иселувањето во сите региони е со масовни пропорции, малку луѓе останаа во државата, изјави кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски на синоќешната средба со охриѓани, на градскиот плоштад. Неговата изјава ја темели врз база на сите поплаки од граѓаните што досега имал можност да ги слушне во сите региони од државата вклучувајќи го и охридско – струшкиот. Пендаровски нагласи дека Македонија во сферата на економијата не само што е на дното на Европа, туку е и на дното на балканот според сите економски...

Continue reading

klupi

Комуналец ги „светна“ клупите низ Охрид

Post Views: 6 Согласно Програмата за работа на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за 2014 год., со доаѓањето на пролетта се интензивираа активностите за дотерување и освежување на градот пред туристичката сезона. Во рамките на проектираните активности за одржување на јавно-прометните површини и јавните добра, на градскиот плоштад се изврши фарбање на клупите и корпите за ситен отпад, а кај дел од нив се изврши санација. {loadposition content9}

Continue reading

Gorge Ivanov

ВМРО-ДПМНЕ почнува од Охрид

Post Views: 2 Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, информираат дека денес 24.03.2014 година со почеток во 20 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе започне митингот за претседателскиот кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов. Претходно ќе се одржат мини митинзи на претседателскиот кандидат во с. Велгошти во 13 часот и Општина Дебрца во 16. часот. {loadposition content9}

Continue reading

gerdance

„Ѓерданчињата“ повторно со концерт на градскиот плоштад

Post Views: 8 По повод одбележувањето на 8- ми март-  Меѓународниот ден  на жената, хорот „ Распеано герданче“ ќе одржи свечен концертот. Концертот ќе се одржи во сабота, на 8- ми март,  на градскиот плоштад пред споменикот на „ Св. Климент Охридски“ со почеток во 12 часот и 30 минути. Малите хористи ќе исполнат  неколку песнички посветени на мајката, а напишани од авторите Баркоски, Џамбазов и Димов. Децата предпразнично упатуваат искрени пораки до нивните и до останатите мајки со благодарност за се што сториле за нив. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top