Нови корпи за отпад на градскиот кеј

Ј.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.

 |  Голабовски Крсте  | 
korpa
Корпа

korpaЈ.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.

Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје  во доменот на селектирање на амбалажниот отпад ,односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.

Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и  пепелник  за  цигари: едниот сад е наменет за селекција и депонирање на пластични шишиња и лименки (овој сад е затворен со посебен   отвор на горниот дел) и отворен сад за депонирање на останатиот ситен отпад.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top