Доцни долго најавуваниот линиски превоз

Градскиот  превоз кој требаше да профункционира уште минатата недела сеуште не се одвива. Од АД Галеб, фирмата која го доби тендерот за спроведување на линискиот превоз, објаснуваат кои се причините за тоа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
avtobus
автобус

Доцни долго најавуваниот линиски превоз. Градскиот  превоз кој требаше да профункционира уште минатата недела сеуште не се одвива.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира прашувајќи во што е проблемот. Од АД „Галеб“, фирмата која го доби тендерот за спроведување на линискиот превоз, објаснуваат кои се причините за тоа.галеб

Во техничкиот дел доцнат работите. Линијата ќе почне да се вози многу скоро само треба некои технички детали да се дозавршат како поставување  информативни табли за доаѓање и поаѓање и Локалната да потенцира точно кои постојки ќе се користат. Не сакаме да импровизираме туку да започниме како што треба, вели Димитар Василески-  директорот на АД “Галеб“ Охрид

Василески објаснува дека едната линија од градскиот превоз треба да биде на релација „Гоце Делчев“-„Јане Сандански“-Булевар „Туристичка“- „Железнилка“ па до автобуската. А, другата линија ќе се одвива вдолж улицата „7ми ноември“-Булевар „Туристичка“- „Асном“- населбата „Гоце Делчев“ до автобуска.  Превозот ќе се одвива по симболична цена од 20 ден. или месечната карта ќе чини 500ден. Директорот на „Галеб“ вели дека според некое нивно претходно искуство претпријатието нема да има некоја голема економска  од спроведувањето на ваквиот линиски превоз и објаснува дека во другите градовои Локалната врши субвенционирање на ваквите линии што кај нас не е случај. И покрај тоа АД „Галеб“ се пријавило на тендерот и било единствен понудувач за спроведување на градскиот превоз, вели директорот.avtobus

Се пријавивме од проста причина што граѓаните мора да сватат дека постои голема разлика помеѓу јавен превоз и такси превоз. Секаде во светот е тренд да се користи јавен превоз само кај нас не е така. Голем дел од населбите во градов каде гравитираат голем број граѓани немаат никаков превоз до своите работни места освен такси и тоа мора да се смени, вели Василески.

Василески оптимистички најави дека пред почетокот на туристичката сезона ќе профункционира линискиот превоз, а кажа и дека доколку има интерес за спроведување линија во стариот дел од градот ќе најдат начин како истата да ја активираат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top