Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има

Оваа зима нема да има лизгалиште на градскиот плоштад бидејќи по огласот што го  објави Локалната не се јавија заимнтересирани страни. Сепак градскиот плоштад кој е убаво украсен е привлечно место за најмладите и за повозрасните. Секој ден има богата културно-уметничка програма која дел од предновогодишната забава.

 |  Јаковлева Лионела  | 
lizgaliste
лизгалиште

 

Дилемата разрешена. Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има. Граѓаниоте посебно помладите останаа покуси за една атракција во зимскиот период кога во градов има малку анимациски активности каде би можеле да го трошат своето слободно време.лизгалиште

Оваа година за жал по огласот што го имавме објавено не се јавија заимнтересирани страни а веќе е доцна да објавуваме втор за да најдеме нова заинтересирана страна. Јас навистина жалам што оваа година Секторот за ТЛЕР не успеа да го реализира овој проект за кој минатата година од многумина бевме пофалени, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Лизгалиште нема да има, но затоа охриѓани и гостите ќе можат да уживаат во убаво украсениот град. Посебно внимание е обрнато на украсувањето на градскиот плоштад. Градоначалникот вели дека намерата на Локалната и била да направи еден убав амбиент во кој ќе уживаат сите, а пред гостите и да се остави впечаток дека Охрид е еден жив и весел град. Бакрачески потенцира дека секогаш може и подобро, но се зависи од финансиите со кои располага општината.ukrasuvanje

Мора да водиме сметка да не претеруваме со финансиските трошоци за украсување и во рамките на нашите можности мислам дека Охрид навистина е убаво украсен. Во тоа многу ни помогнаа и консултациите со луѓе кои се професионалци за осветлување и кои ни дадоа насоки  како да изгледа градот, рече Бакрачески.

Градоначалникот кажа дека интенција им била да го заживеат градскиот плоштад и да стане место каде што граѓаните ќе се рекреираат и забавуваат.  За таа цел уште пред една недела секој ден на плоштадот има настапи на балетски групи, играорни групи, основните училишта се преставуваат со свои точки, има настапи и на танчерски студија. Синоќа од 18 до 20 часот настапија основците од „ Св. Климент Охридски“ , „ Кочо Рацин“ и „ Св. Климент Охридски“. Вечерва , на програмата се настапите на Студиото за класичен и модерен балет „ ВИ ЗА ВИ“ , Кореографскиот центар „ 21“ и Танцовиот клуб“ „ Соната“. Утре, од 12 до 17 часот на градскиот плоштад ќе настапат КУД „ Филиграни“ , КУД „ Илинден“ , Распеани ѓерданчиња при КУД „ Ѓердан“, КУД „ Охриѓанка“ и КУД „ Плетенка“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top