Бадникова поворка низ охридските улици

Бадникова поворка низ охридските улици.

 |  Валентина Неловска  | 
litija
litija

Три и пол годишната  Теофанија беше дел од Бадниковата поворка составена од над 300 дечиња. Тие ја пееја Коледарската песна Вечниот бог , а во рацете носеа фенерчиња и звезди. Поворката со радосната песна го најавува Христовото раѓање и внесе светлост и радост  низ охридските улици. Оваа Бадникова поворка се организира по втор пат, вели една од организаторите Летка Филипова.

litijaНие како организатори сме среќни што успеваме околу 300 деца да ги организираме и да ги научиме да ја пеат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Самиот Христос дојде како дете , на своите ученици им порача бидете како деца бидејќи децата секогаш знаат непрестано да се радуваат, “изјави Филипова.

Поворката беше пречекана на градскиот плоштад  и беше дарувана со подароци кои ги обезбедија Локалната самоуправа, компании и верници. Децата ги пречека заменик градоначалникот Ангел Јанев кој ги поздрави ,а за  иницијативата кажа дека е во насока на зачувување на традицијата  и христијанските обичаи во Охрид.

litija„ И денес ми е чест во името на градот и советниците на сите христијани да им го честитам празникот кој е вовед во утрешниот голем празник Христовото раѓање,парзник  кој многу кажува за христијанската традиција“, истакна  Ангел Јанев – заменик градоначалник.

Бадниковата поворка од градскиот плоштад се упати кон црквата Св. Богородица Каменско каде што беа дочекани од  свештениците. Ова е настан кој предизвикува и причинува радост и го исполнува со милост секое човечко срце, изјави отец Диме Азески.

„Бадниковата поворка каде децата нашите ангели , како што се вика и во Светото писмо никој не може да влезе во царството небесно ако не биде како дете, пеејќи ја Коледарската песна, Вечниот Бог, кој го предвестуваат и со радосна балговест за раѓањето на  Бог,  Христос нашиот спасител, и навистина се радуваат и небесата и  земјата,  и се исполни пророштвото, многу години пред Христоса“, кажа Азески.
Децата кои учествуваа во Бадниковата поворка од црквата добија подарок детски молитвеник и сликовница со Христовото раѓање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top