Локацијата каде што е преместен градскиот пазар не е најсоодветно решение

Локацијата каде што е преместен градскиот пазар не е најсоодветно решение.

 |  Валентина Неловска  | 

Просторот каде што сега е сместен градскиот пазар е крајно несоодветен. Во пазарот е темница, а продажните тезги се збиени една до друга, така што купувачите едвај се разминуваат при пазарење. Во пазарен ден во понеделник е вистински хаос. Закупците и купувачите се жалат на лошите услови, а продавачите се жалат дека на пазарот има се помалку купувачи.

– Пазарот не е добар, хигиената е лоша.
– Не сме задоволни од условите во пазарот.
-Под ламарината сме како под сач над нашите глави, жешко е, а нема ни место каде да ја оставаме за дотур робата која ја продаваме.
-Тој е просторот поголем нема.

Тони Коталески, директорот на ЈП „Градски пазар“ го прашавме дали навистина нема подобро решение за дислокација и зошто пропадна првичната најава дека привремено градскиот пазар ќе биде сместен во КАМ, во поранешните простории на Отекс.

„Оваа опција беше најповолна. Тука ни се канцелариите, уредите, алатите затоа“, кратко одговара Коталески.

Неофицијално од Кам дознаваме дека на ЈП Градски пазар му било понудено бесплатно користење на локација во објектот на КАМ во поранешните простории на Отекс додека се изгради новиот пазар, но истата не била прифатена.
Тони Коталески, директорот на ЈП „Градски пазар“ признава дека сегашниот простор и условите не се најдобри, но повикува на трпение додека да се изгради новиот објект.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top