Акција за отстратнување на дивите тезги низ градската чаршија и долж градскиот кеј

Ќе се санкционираат сите оние кои поставиле тезги и реквизити вон Програмата за поставување на урбана опрема.

 |   | 

Состојбата со диво поставените тезги низ чаршијата и долж градскиот кеј во најбрзо време ќе биде искоренета, вети Градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе се санкционираат сите оние кои поставиле тезги и реквизити вон Програмата за поставување на урбана опрема, а се тоа согласно законите и ингеренциите дадени на Локалната самоуправа, а информира и дека соодветно ќе биде санкционирана и инертноста на службите на Општинскиот инспекторат.

„Морам да признам дека последнава недела или последниве десет дена имаше потфрлање на во работата и одговорноста на Општинскиот инспекторат во рамките на неговата надлежност. Бидејќи не секое работење на дивите поставувачи на тезги треба да биде санкционирано од Локалната самоуправа. Ние се грижиме за нашата надлежност, секако тука посотојат и државни институции кои секој во рамките на своите надлежности во таа акција за отстранување или спречување на диво поставување на тезги. Дури беа изречени и санкции кон некои од вработените во овој инспекторат кои неодговорно ја извршувале својата работа и неодговорно постапувале по напатствијата кои произлегуваат од описот и пописот на нивните работни задачи“ вели Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид.

Бакрачески потенцира дека и покрај реакциите на јавноста, сепак ситуацијата сега не е толку драматична како што беше пред четири години и додаде дека станува збор за појава која се среќава речиси во сите светски метрополи, која во целост не може да се искорени. Но, во градов постојат и луѓе кои уредно си добиле локации за поставување тезги и кои од оваа нивна дејност која трае многу кратко егзистират.

„Поставувањето на тезги согласно програмата која со одлука ја донел Советот на Општина Охрид, не е грешка бидејќи постои одреден број на граѓани кои живеат о тие тезги односно од она што ќе заработат во текот на една летна сезона, тие тезги не стојат во текот на целата година, но ќе нагласам повторно во рамките на програмата која сме ја усвоиле на совет и со почитување на локациите строго зацртани од страна на Секторот за урбанизам и усвоени со одлука на совет“ објаснува Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид.

Бакрачески потенцира дека во тек е широка и интензивна активност на општинскиот инспекторат за отстранување на диво поставените тезги, согласно законите пред се програмата за поставување на урбана опрема, а најави и користење на мерки кои можеби ќе бидат непопуларни и недопадливи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top