500 евра казна за мини здолништа и длабоки деколтеа

Град на југот на Италија има намера да воведе казни за жените кои ќе носат кратки здолништа, длабоко деколте или пантолони со низок струк.

 |  Маја Савиќ  | 

Кастеламаре ди Стабиа, во близината на Неапол, планира да воведе парични казни за жените кои носат провокативна облека. Градскиот Совет најверојатно ќе казнува за носење мини здолништа и длабоки деколтеа со 500 евра, а за носење пантолони со низок струк ќе бидат казнувани и мажи и жени. Тоа е дел од проектот „41 правило кои секој добар граѓанин мора да ги почитува“ а е замисла на градоначалникот Луиџи Бобио, припадник на десниот центар.
pravilnik

Тој тврди дека со својата програма сака „да го врати урбаниот декор и да го подобри соживотот“ и да ги казни луѓето кои се „гласни, непристојни и кои не знаат да се однесуваат“. Исто така, ќе се забрани играње фудбал во парк и пцуење во јавност.
Локалниот свештеник, се разбира, се согласил со воведување на новиот правилник. „Тоа е правилна одлука. На овај начин можеме да се бориме и против сексуалното злоставување“-изјавил Дон Паоло Чечере.
Воведувањето на новиот правилник ќе се разгледува на седницата на градскиот Совет во понеделник.

nizok struk

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top