• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници

Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници

Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници, информираат од ЈП „Билјанини извори“.

 |   | 

Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници, информираат од ЈП „Билјанини извори“.

Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активностикои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.

Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци.

Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари. ЈП „Билјанини извори“ ги поканува сите љубители на пливањето, рекреативци, родители со деца, сите граѓани да дојдат на градскиот базен за да уживаат во благодетите на пливањето и игрите во вода.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top