Дали е вистински момент за реконструкција на градскиот кеј

За Локалната самоуправа нарушената статика е причина за час поскоро да се реконструира Кеј Македонија. Градските советници од опозиционата СДСМ не се убедени во неопходноста од ваквиот скап зафат.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Најавената реконструкција на градскиот кеј со средства од над милион евра од буџетот на општина Охрид, за Локалната самоуправа е нужно поради нарушена статиката на шеталиштето, додека пак од опозицијата не се убедени во неопходноста на ваков скап зафат во ова време. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески истакна дека како резултат на три и пол годишното домаќинско и одговорно работење оцениле дека во овој перод буџетот на општина Охрид е во кондиција да ја поднесе инвестицијата за реконструкцијата на Кеј Македонија.

„Од соодветна институција е добиено мислење дека статиката на кејот е сериозно нарушена и почнувајќи од тоа направен е соодветен проект и во моментов се работи на добивање на соодветно одобрение за градба. Општина Охрид мораше и требаше можеби порано да предвиди средства за реконструкција и уредувањер на нај репрезентативниот дел од градот. Значи градскиот кеј е простор кој што го користиме покрај сите ние секојдневно, тоа е простор кој што го користат и туристите“ – изјави Спасески.

За реконструкција на градскиот кеј Македонија предвидени се 2 милиони евра средства од буџетот на општина Охрид а не 1,2 , тврди координаторот на СДСМ, Јован Стојаноски. Според него останува нејасно како се одвојуваат средствата, без притоа да се има програма околу тоа како ќе изгледа кејот и дали навистина е нарушена статиката како што тврдат од Локалната самоуправа

„Цело време намерно инсистираат на вакви инвестиции од причина што во овие инвестиции се кријат огромен број на дубиози. А во секој случај треба и органите на управата да се познаимаваат малку каде се трошат олкави средства. И тое се причините зошто и сега влегуваме во една ваква инвестиција за која што нити има проектна документација, нити имаме испитување на мнението на граѓаните дали тоа е воопшто потребно, туку влегуваме само во една ваква непродуктивна инвестиција само за да се исперат пари“-кажа Стојаноски.

Стојаноски не сакаше да навлезе во тоа дали инвестицијата околу градскиот кеј е голема или мала, посебно ако се има предвид дека тие два милиони евра за реконструкција ќе донесат голем број на туристи. Но според Стојаноски, иритира податокот што сеуште никој не знае како ќе изгледа кејот, немањето тендерска документација, ниту пак тоа што досега не се презентирани истражувања дали кејот е причина за слабиот прилив на гости на Охридската ревиера.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top