Ознака: селото

ubistvo skopje

Петкратно убиство во близина на Скопје

Post Views: 9 Пет лица се убиени синоќа во близина на Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци. Настанот се случил околу 22,30 часот, а полицијата засега не го соопштува нивниот идентитет како и мотивите за петкратното убиство. Четири лица биле на возраст од околу 20 години и едно на возраст од над 40 години. Според првичните информации на Миистерството за внатрешни работи, тие се убиени со  огнено оружје и имале видливи повреди по телата, а околу нив биле најдени чаури. Труповите ги виделе рибари и пријавиле во полиција. Портпаролот на МВР Борче Пeшевски изјави дека телата...

Continue reading

grobista italija

Градоначалникот им забранил да умираат

Post Views: 2 Во италијанското село Фалкано дел Масико, 50 километри од Неапол, од почетокот на овој месец умирањето е прогласено за нелегално. Градоначалникот на селото од околу 3.700 луѓе издаде декрет со кое се забранува умирање во ова место, затоа што селото нема гробишта, а  во конфликт е со соседниот град кој има гробишта. Судирот направи логистички проблем околу тоа што да се прави со починатите. Градоначалникот Џулио Чезаре Фава изјави дека селаните се задоволни со неговиот декрет. Со исклучок на  двајца мештани кои планираат да не го почитуваат декретот и да си умрат на раат....

Continue reading

Misleshevo

Пуштен во употреба патот во село Мислешево

Post Views: 2 Оправдан отимизмот на жителите на струшкото село Мислешево. После пет години чекање конечно пуштен во употреба локалниот пат, од центарот на селото, па се до магистралниот пат М-4. Радоста кај жителите од селото огромна. Жителите од ова село, години наназат се справуваа со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците со години беа во катастрофална состојба, а селаните  приморани секојдневно да трпат оштетувања на нивните автомобили. Претседателот на месната зедница од ова село, Бране Дамјаноски вели дека иако беа потребни речиси 5 години,...

Continue reading

Изгаснат пожар во борова шума кај Опеница

Post Views: 0 Изгаснат пожар во атарот на селото Опеница кој зафати борова шума на површина од 3 до 4 хектари. Пожарот бил пријавен синоќа во 20 часот од локалното население, а екипите на ЈП Национални шуми самостојно го изгаснале утрово до 9 часот, информира Славчо Голабоски, директор на охридската поддружница. Причина за појава на шумските пожари е човечкиот фактор, напоменува Голабоски. „Голем дел од пожарите се од невнимание и несовесност на граѓаните, од оставени догорци или отпушоци на цигари кои од високите температури предизвикуваат пожари. Има пожари и кои намерно се подметнуваат...

Continue reading

Sv Atanasija Lukovo

Црквите лесен плен за крадците

Post Views: 0 Преку ноќ исчезнува македонското културно наследство. Синоќа во струшкото село Луково се случила тешка кражба. Украдена е 21 икона, од црквата „Св. Атанасија“. Станува збор за едни од најстарите и највредните икони на оваа црква. Славе Богданоски, долгогодишен служител во овој свет храм вели дека кражбите нагло почнале да се случуваат со отварањето на меѓуграничниот премин со Р. Албанија. Во корист на крадците било и неработењето на полициската станица во селото, па Богданоски порачува истата повторно да отпочне со работа како би се зголемила безбедноста во селото.Увид...

Continue reading

misleshevo

Ќе добие ли Мислешево нови патишта?

Post Views: 20 Конечно ќе се санира сообраќајната инфраструктура во село Мислешево. После повеќе од пет години чекање, жителите на ова село ќе добијат подобра патна инфраструктура. Првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, уверува дека работите ќе започнат во наредните два месеци. Ќе завршат ли маките на жителите од Мислешево? Ке го почуствуваат ли тие конечно оваа есен мирисот на новиот асфалт? Жителите од ова село, години наназат се справуваат со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците од ова село повеќе години се во катастрофална состојба,...

Continue reading

prestapnik

Фатен кичевчанецот кој оперирал во Слатино

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21 овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А....

Continue reading

asfaltiranje Elshani

Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Post Views: 1 Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години. „Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите...

Continue reading

opstina debrca

Дебрца прави терен за развој на туризам

Post Views: 6 Од година во година се повеќе расте бројот на старите селски куќи кои се прилагодуваат за рурален туризам, каде на гостите им се нуди ноќевање и храна. Една ваква можност имаат и жителите од Дебрца, со оглед на атрактивната местоположба на општината, која се наоѓа во непосредна близина на Охридското Езеро. Но за жал како што информира градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски засега слаб е интересот на дебрчани за преадаптација на објекти за развој на руралниот туризмот. „Проблем е тоа што самите жители на општина Дебрца не пројавуваат некој интерес за адаптација на...

Continue reading

pishtol

Кривична за охриѓанец кој поседувал огнено оружје без дозвола

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против 67- годишен охриѓанец. -На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истио калибар.Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега пријавениот,...

Continue reading

drva

Акцијата „Гора“ продолжува во охридско-струшкиот регион

Post Views: 6 Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднела кривична пријава против четворица албански државјани. Со пријавата опфатени се и три лица од струшкото село Франгово и едно лице од селото Радолишта. На втори овој месец, на место викано “Гропа“ атар на селото Франгово, полициски службеници од гранична полиција Регионалниот центар“Запад“ ги затекнале албанските државјани како спротивно на Законот за шуми и Кривичниот законик вршат бесправна сеча на огревно...

Continue reading

logo

EВН: Без струја жителите на неколку улици во Охрид

Post Views: 3 Денес, 1-ви октомври, од 14:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улиците „Лазо Трпоски“ „Карпош Војвода“.Исто така, прекин на струја ќе има и во дел од селото Љубаништа, во периодот од 13:00 до 15:00 часот, информираат од ЕВН Македонија. Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top