Ознака: селото

plake

Ќе се асвалтира ли Плаќе?

Post Views: 4 Патот од Речица до Плаќе, плаче за два и пол километри асфалт. Мештаните на Плаќе години наназад си го бараат ветеното, да се дозавршат двете предвидени фази на проектот за асвалтирање на овој патен правец во должина од 5 километри. Претседателот на М.З. Славко Симоноски вели дека ова е голем и сериозен проблем, кој никако да се надмине. Но и водоснабдувањето на селото е исто така акутен проблем, поради кој не може да се развива руралниот туризам за кој мештаните имаат своја визија за развој, додава тој. „Вториот проблем ние го имаме со водоснабдувањето за кој проблем...

Continue reading

zemjotres belcista

Земјотрес го погоди Охридскиот регион

Post Views: 19 Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот  на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.   „Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки,...

Continue reading

svr logo

Безживотно тело пронајдено во атарот на с. Рамне

Post Views: 0 Безживотно тело беше пронајдено од случаен минувач денеска претпладне  во атарот на селото Рамне. Станува збор за тело на маж на возраст од 70-тина години. На местото на настанот на увид излезе екипа на СВР  во присуство на  овластени судски и медицински лица. Од СВР информираат дека на телото не биле пронајдени  траги на насилство и додаваат дека според првите сознанија од увидот станува збор за природна смрт,  што ќе биде потврдено по обдукцијата која ќе биде дополнително извршена.    

Continue reading

пожар

Два пожари за два дена

Post Views: 10 Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува. A во вчерашниот пожар...

Continue reading

topoli

Тополи „паѓаат“ ноќе

Post Views: 5 Во атарот на селото Љубаништа досега не биле забележани вакви слични појави. Како некогаш биле засадени  тополите раскажува и Живко Наумоски оснивач на некогашниот фудбалски клуб Граничар од Љубаништа. „Тополите се засадени ударнички од тогашната управа на клубот и фудбалерите. Засадиле 4 реда дрвја, меѓу кои и  сега исечените тополи. Дрвјата што ги гаеле се на самата плажа која во лето  е полна со капачи. Сега тие треба да носат лежалки и  чадори за на сонце, вели Наумоски. Од Локалната самоуправа за ТВМ изјавија дека нивната Комисија за сечење на дрвја не  издала ...

Continue reading

Globocica

Глобочани започнаа да ја градат црквата Св. Илија

Post Views: 3 Жителите на селото Глобочица, сместено  на брегот на Глобочичкото вештачко езеро, поставија темел  на црква посветена на Пророкот Св. Илија. Новата црква ќе биде лоцирана веднаш на самиот брег во близина на некогашната.  Со овој православен храм Глобочичани  продолжуваат да ја негуваат традицијата на прославување на селската слава Св. Илија која е прекината со изградбата на вештачкото езеро Глобочица на реката Црн Дрим.  Со подигањето на хидроцентралата Глобочица селото беше потопено во далечната 1964 година. „Со овој зафат и старата селска црква  остана под водите...

Continue reading

pozar

Голем шумски пожар беснее на потегот Опеница-Прентов мост

Post Views: 2 Од 10 часот изутрина беснее пожар на патниот правец Охрид-Битола во атарот на селото Опеница, во близина на месноста Прентов мост. Гори борова шума и дуглазија на површина во должина од 2,5 километри и  висина од 500 метри. Ова за ТВМ го изјави шефот на заштита од ЈП “Македонски шуми“,  Јовче Цветкоски. Тој смета дека пожарите не се случајни туку се намерно предизвикани. „Она што се случуваше на терен не може да е случајно. Во рок од еден час, од нашето пристигнување по дојавата за двата пожари, пламнаа два нови на различни места. Едниот од пожарите е подметнат од другата...

Continue reading

Sasho tockov

Водите од Охридското езеро од I класа

Post Views: 3 Водата во Охридското езеро, со одличен квалитет. Над 95 % од испитаните примероци се од прва класа, велат од Центарот за Јавно Здравје од Охрид. Бромологот Сашо Точко, истакна дека само за месец мај се извршени физичко-хемиски и микробиолошки анализи на над 30 примероци, земени од локации од комплексот Св. Наум до селото Радожда. Единствено на три локации, испитувањата покажуваат вода од втора класа. И тоа кај сливот на Грашница, кај селото Калишта и кај кампот Ливадишта. Точков ја објасни причината за вака високиот квалитет на водата од езерото во овој период од годината. Од...

Continue reading

состанок

Лесковчани бараат партнерство со МЈП Проаква

Post Views: 1 Жителите на с. Лескоец денес покренаа иницијатива до координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, со која бараат започнување на постапка за склучување на договор со ЈП за регулирање и снабдување со вода на селото и отстапување на управување со водоснабдителниот и канализациониот систем, како и поништување на записник од собир на жители одржан на 05.03.2008 год. Според нив, 10 месеци тие извезуваат вода за Охрид, а се случувало да немаат вода за своите потреби. Бараат поништување на според нив невалидениот договор за водоснабдителниот систем во селото, кој бил склучен...

Continue reading

Vodici

Во с. Свињишта финишираат подготовките за Водици

Post Views: 5 Селото Свињишта се подготвува за прославување на празникот Богојавление – Водици. „Подготовките се во тек. Иницијативниот одбор и здружението „Богојавление“ секојдневно работат за прославата на празникот и фрлањето на крстот во Свињишка Река да помине во најдобар ред“, велат организаторите на манифестацијата. Прославата Водици во Свињишта ги собира сите. И оние кои живеат во Охрид или во другите градови, но и оние кои пред години ја напуштиле родната Македонија. „Тие велат кај и да си за Божик и Водици дома да си“. Членовите на здружението „Богојавление“ од Свињишта,...

Continue reading

sredba

Ќе останеме ли без највредните икони?

Post Views: 3 Се позачестен е бројот на кражби на ова наше единствено културно наследство, посебно од црквите во руралните средини. Само пред две недели од црквата Свети Атанасиј во Луково струшко, беа украдени 21 икона. Иконите кои се украдени се насликани од синот на Дичо Зограф, Аврам, последен живописец на икони на овие простори. Најстрашното е што ова не представува изолиран случај. Минатата година само за еден месец исчезнаа 42 икони цркви во овој регион. Мети на крадците беа иконите од црквата Св.Никола во Вевчани, отаму исчезнаа 4, од црквата Св.Архангел Михаил во селото Ташмаруништа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top