Лесковчани бараат партнерство со МЈП Проаква

Жителите на с. Лескоец денес покренаа иницијатива до координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, со која бараат започнување на постапка за склучување на договор со ЈП за регулирање и снабдување со вода на селото и отстапување на управување со водоснабдителниот и канализациониот систем…

 |  Билјана Николоска  | 
состанок
sostanok

Жителите на с. Лескоец денес покренаа иницијатива до координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, со која бараат започнување на постапка за склучување на договор со ЈП за регулирање и снабдување со вода на селото и отстапување на управување со водоснабдителниот и канализациониот систем, како и поништување на записник од собир на жители одржан на 05.03.2008 год.

Според нив, 10 месеци тие извезуваат вода за Охрид, а се случувало да немаат вода за своите потреби. Бараат поништување на според нив невалидениот договор за водоснабдителниот систем во селото, кој бил склучен со група мештани од селото, а небиле консултирани останатите 1000 семејства.

Велоски вели дека имале преголеми и сеуште ненадминати проблеми со водоснабдителниот систем, и тврди дека водоводот и резервоарите се на селото. Тој рече  оти ЈП „Проаква“ сака само да наплатува за вода, а добар дел од семејствата не биле ниту приклучени на системот.

Дејан Паноски, координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека познат му бил овој проблем, за кој мора да се изнајде правна рамка за еднаш и засекогаш да се надмине. Додека пак Љубен Буџакоски советник на ВМРО – ДПМНЕ рече дека предлог за оваа иницијатива да се вметне како точка на дневен ред, ќе се даде уште на утрешната седница.

Жителите на с. Лескоец. кои ја спроведуваат оваа иницијатива, тврдат дека поднесувањето на иницијатива нема врска со актуелната политичка состојба во градот и дека немаат таква потреба. Она што се бара е само надминување на проблемот и еднаш засекогаш да се знае кој јаде кој пие а кој плаќа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top