Тополи „паѓаат“ ноќе

Нова еколошка катастрофа се случи на езерскиот брег на крајниот југоисточен дел од езерото. Исечени се 10 тополи на самата плажа во Љубанишко поле или поточно во близина на селскиот фудбалски стадион.

 |  Валентина Нелоска  | 
topoli
topoli

Во атарот на селото Љубаништа досега не биле забележани вакви слични појави. Како некогаш биле засадени  тополите раскажува и Живко Наумоски оснивач на некогашниот фудбалски клуб Граничар од Љубаништа. „Тополите се засадени ударнички од тогашната управа на клубот и фудбалерите. Засадиле 4 реда дрвја, меѓу кои и  сега исечените тополи. Дрвјата што ги гаеле се на самата плажа која во лето  е полна со капачи. Сега тие треба да носат лежалки и  чадори за на сонце, вели Наумоски.
Од Локалната самоуправа за ТВМ изјавија дека нивната Комисија за сечење на дрвја не  издала  никаква дозвола за сечење на тополите. Преставниците од Месната заедница Љубаништа ги известиле пограничната полиција и полициската станица во Пештани како и НП Галичица.
Од полиција известуваат дека по увидот на настанот се трага по сторителот. Со овој најнов случај како да стана пракса кој кога сака и каде сака може да сече дрвја без ничија дозвола, а при тоа никој да не одговара за анархичното уништување на дрвјата. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top