Голем шумски пожар беснее на потегот Опеница-Прентов мост

Гори борова шума и дуглазија на голема површина. Неофицијално, пожарот е подметнат

 |  Валентина Нелоска  | 
pozar
pozar

Од 10 часот изутрина беснее пожар на патниот правец Охрид-Битола во атарот на селото Опеница, во близина на месноста Прентов мост. Гори борова шума и дуглазија на површина во должина од 2,5 километри и  висина од 500 метри. Ова за ТВМ го изјави шефот на заштита од ЈП “Македонски шуми“,  Јовче Цветкоски. Тој смета дека пожарите не се случајни туку се намерно предизвикани.

„Она што се случуваше на терен не може да е случајно. Во рок од еден час, од нашето пристигнување по дојавата за двата пожари, пламнаа два нови на различни места. Едниот од пожарите е подметнат од другата страна на патот, над селото Опеница“, обајснува Цветкоски.

Од ЕВН е побарано да се исклучи напојувањето со струја, така да селата кои гравитираат на овој потег се без електрична енергија.

pozarВеднаш на местото каде што е пријавен пожарот пристигнале возила за гасење пожар од противпожарната единица и екипи од Македонски  шуми. Но, спречување на ширењето на огнот било оневозможено од силниот ветер кој ја засилувал  огнената стихија. Од Дирекцијата за заштита и спасување побарале во гаснењето на пожарот да се вклучат  и специјалните авиони – канадери. Цветкоски  вели дека ситуацијата е мошне опасна и сериозна од префрлање на пожарот кон Расино, каде што има богата борова шума.

Околу 14 часот  пристигнаа и двата авиони, кои при првичното наделетување на просторт утврдиле дека станува збор за исклучителна опасна огнена стихија. И покрај тешкотиите – пламените јазици со висина од 15 метри, силниот ветар и нерамниот терен, авионите започнаа да се справуваат со огнената стихија. Со оглед на серизноста, пожарот ќе предизвика голема еколошка катастрофа и материјална штета.

Последните информации говорат дека ширењето на пожарот е ставено под контрола, но сеуште трае битката за негово целосно ликвидирање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top