Ќе добие ли Мислешево нови патишта?

Конечно ќе се санира сообраќајната инфраструктура во село Мислешево. После повеќе од пет години чекање, жителите на ова село ќе добијат подобра патна инфраструктура.

 |  Крсте Голабовски  | 
misleshevo
мислешево

Конечно ќе се санира сообраќајната инфраструктура во село Мислешево.

misleshevoПосле повеќе од пет години чекање, жителите на ова село ќе добијат подобра патна инфраструктура. Првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, уверува дека работите ќе започнат во наредните два месеци.

Ќе завршат ли маките на жителите од Мислешево? Ке го почуствуваат ли тие конечно оваа есен мирисот на новиот асфалт? Жителите од ова село, години наназат се справуваат со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците од ова село повеќе години се во катастрофална состојба, а селаните се приморани секојдневно да трпат оштетувања на нивните автомобили. Ќе се остварат ли конечно ветувањата од надлежните и ова село конечно ќе го добие изгледот кој му прилега?

Повеќе од две години како во општина Струга има два проекти  за асфалтирање на патиштата во ова село. Едниот се однесува на кракот од селото Мислешево до Евро хотелот, додека другиот од Мислешево па се до магистралниот пат. Конечно, според зборовите на градоначаникот со средства обезбедени преку Светската банка, оваа есен ќе започне реализацијата на овие два проекти.

misleshevo

Жителите од ова село велат дека навистина срамота е во денешно време да дојде некој кај нас на гости и да види во какво место живеееме. Пртеседателот пак на месната зедница од ова село, Бране Дамјаноски вели дека иако беа потребни речиси 5 години, тој е оптимист и верува во скорото решавање на овој според него голем комунален проблем.

Комуналните проблеми со патната инфраструктура со кои се соочуваат жителите на Мислешево се влечат со години. Од општина Струга смируваат и велат дека во програмата за асфалтирање на патишта и улици влегуваат и оние во селото Мислешево. За решавање на овие горливи комунални проблеми ова исто село, од општината велат дека се изготвени 6 проекти додека во фаза на изготвување се уште толку.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top