Дебрца прави терен за развој на туризам

Општина Дебрца подготвува терен за развој на рурален туризам. Во таа насока градоначалникот Игор Трајкоски најави викенд населба во селото Црвена Вода. Тој упати апел до дебрчани, да пројават интерес за преадаптација на старите куќите кои не ги користат, во викенд објекти за изнајмување, за што можат да искористат средства од ИПАРД програмата.

 |  Николоска Биљана  | 
opstina debrca
општина дебрца

opstina debrcaОд година во година се повеќе расте бројот на старите селски куќи кои се прилагодуваат за рурален туризам, каде на гостите им се нуди ноќевање и храна. Една ваква можност имаат и жителите од Дебрца, со оглед на атрактивната местоположба на општината, која се наоѓа во непосредна близина на Охридското Езеро. Но за жал како што информира градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски засега слаб е интересот на дебрчани за преадаптација на објекти за развој на руралниот туризмот.

„Проблем е тоа што самите жители на општина Дебрца не пројавуваат некој интерес за адаптација на тие стари куќи или домови кои што не ги користат па можат да ги адаптираат за викенд искористување или за изнајмување на туристите. Знаете дека ИПАРД програмата финансира работи така да апелирам до жителите да пројават инетрес, значи еве и со законот за легализација во тек е легализација на објектите така да ќе можат да ги комплетираат самите проектни документации и да повлечат средства од ИПАРД програмата“ – вели Трајкоски.

opstina debrcaТрајкоски кажа дека посветено работат на создавање услови за привлекување на гости. Како пример ги посочи неговите залагања за подигање на една современа викенд населба во селото Црвена вода.

„Ние како Локална самоуправа во тек сме со изработка на урбанистичка документација за селата, така да во село Црвена вода предвидено е како викенд населба на државно земјиште да се продаваат парцели кои ќе можат заинтерисираните да ги купат и да изградат викенд куќи“ – изјави Трајкоски.

Општина Дебрца има 30 населени места со 5 500 жители. Таму има повеќе убави локалитети како што се Слатинско Езеро, Сини вирој, манастирот Сите Свети во селото Лешани. Исто така Дебрца позната е и по неколку културни манифестации, по традиционалната кујна богата со ѓомлезе, питулици, сирење од бачило, но и по производство на зеленчук и овошје во еколошки незагадена средина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top