Ознака: селото

Drim Struga

ДПМНЕ Струга-Нема промена на имиња на улици без Бадентер

Post Views: 1 ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици  ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и резервен...

Continue reading

Пожарот кој викендов беснееше во близина на селото Вапила е локализиран

Post Views: 2 Пожарот кој викендов ја зафати шумата во атарите на селата Вапила и Сирула, Охридско е локализиран, велат од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Голема површина од дабовата и боровата шума во овој реон е опожарена, односно станува збор за 20 хектари шума од атарот на село Вапила и околу триесеттина хектари од атарот на село Опеница. Утрово охридските пожарникари направиле повторно увид на опожарената површина, каде е констатирано само догорување на суви гранки без можност за дополнително ширење на пожарот. Проблем на пожарникарите и екипите на македонски...

Continue reading

SVR

Работна средба на СВР со жителите од Лабуништа

Post Views: 17 „Актуелните настани и безбедносната состојба во Лабуништа“ е тема на  состанокот што Секторот за внатрешни работи Охрид го организира со советодавната група граѓани од селото Лабуништа. На средбата која вечерва во 19 часот ќе се одржи во ова струшко село, ќе биде направен пресек на актуелните настани и состојби, ќе бидат изнесени мерките и заложбите на полицијата за сеопфатно и законско делување во нивното решавање. Средбата со советодавната група граѓани од Лабуништа, која има превентивен карактер, ќе придонесе за враќање на меѓусебната доверба, ќе значи цврста определба...

Continue reading

Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен

Post Views: 0 Стамен Димоски од Рамне, кој постојано живее во оваа населба оддалечена од градот само 4 км, се жали на неисчистениот  пат кој води до нивното село. Тој за ТВМ вели дека пред неколку дена дошла  машина за чистење но наместо да го исчисти снегот само го затапкала и се расипала машината. Патот остана не исчистен,  посочува Димоски. Тој се жали дека со неисчистен пат се соочуваат  со години, а во селото има голем број жители кои постојано живеат или доаѓаат секојдневно од градот заради тоа што чуваат добиток. „Песок има над магацините, кај кривината за Рамне, до тука има...

Continue reading

eko katastrofa

Во Велешта се заканува еколошка катастрофа

Post Views: 3 Сериозна а можеби и последна опомена пред еколошка катастрофа. Струшкото село Велешта веќе десет години ги трпи последиците од нерешениот проблем со секундарната канализација. Мештаните велат дека фекалии се излеваат насекаде, постојат отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени, а посебно стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Првиот човек на селото Абдулкадри Шеи, вели дека години наназад, од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, но дека работата оди споро. Тој додава дека...

Continue reading

grobishta

„Весели“ гробишта

Post Views: 19 Гробиштата обично не се шарени, но ова е исклучок. Овие гробишта се наоѓаат во селото Сапинца во Романија, близу до границата со Унгарија. Тие дури имаат сопствен назив – среќни гробишта. Епитафите не се исти како кај останатите гробишта, туку се кратки и забавни приказни за животот. На пример, на еден пишува: „Најмногу сакав да седам во бар со нечија жена“. Историјата на необичните гробишта започнува во триесеттите години од изминатиот век, кога едно 14-годишно момче наречено Џон Петриш Стан започнало да создава крстови за локалните гробишта. Тој сакал да ги...

Continue reading

krava

До темел изгоре штала со добиток

Post Views: 0 Големиот пожар кој ја зафати шталата на стружанеоцот Ади Жута од селото Добовјани покоси се пред себе. Покрај објектот кој изгоре до темел пламените јазици проголтаа и 37 крави и неколку телиња. Пожарот го пеплоса не само објектот туку и целокупната опрема, машините и тракторите. Штета сопственикот ја проценува на повеќе од 200 000 евра, бидејки само вредноста на објектот била 50 000 евра. Сопственикот на објектот Ади Жута вели дека изгорело се, за само дваесет минути. „Сите крави што ги имав внатре беа од расата Холстајн. Вкупно беа 42 крави и телиња и сите ги снајде...

Continue reading

Локализиран пожарот во селото Лешани

Post Views: 0 Благодарение на брзата интервенција на месното население и Територијалната противпожарна единица од Охрид, Шумското стопанство „Галичица“ и општинска механизација, локализиран пожарот кој вчера избувна во селото Лешани, општина Дебрца. Шумскиот пожар се доближи и до црквата „Св. Атанасиј“, а најголем проблем за негово санирање биле ветерот и сувата вегетација кои допринесле за побрзо ширење на огнот. „Уште еднаш апелираме за крајна внимателност, напиша на својот Фесјбук профил градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.

Continue reading

Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за ОУ Живко Чинго

Post Views: 30 Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за основното  училиште Живко Чинго што е пример достоен за почит. Со донацијата во завршна фаза е поправката на веќе дотраените и оштетени надворешни скали, информира директорот на ОУ, Ѓоко Чингоски. Со тој градежен зафат ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во школото. „ Проектот со кој се намнети  средства за поправка на  надворешните скали, за работна рака и за материјал, е заслужен Цековбниот одбор од Велгошти. Имаме и  ние еден удел, но најголемиот издаток е на одборот. Упатуваме голема благодарност...

Continue reading

selo

Фуристичко село во Кина

Post Views: 7 Планината Хуаншан или Жолтата планина во Источна Кина е свето место за Кинезите уште од времето на династијата Кинг. Според легендата, кога првиот император на Кина Хуанде (Жолтиот император) остарел и решил да се откаже од престолот поради својот помлад наследник, тој тргнал на пат за да открие тајната на бесмртноста. По долго лутање стигнал до планината и восхитен од врвовите кои ги прободувале облаците, решил да остане тука. Според легендата императорот живеел во Хуаншан 120 години. Токму затоа кинеската компанијата „MAD architects“ планира да изгради уникатна населба...

Continue reading

dete

Албански државјанин се обидел да силува 10- годишно девојче

Post Views: 0 Албански државјанин во атарот на струшкото село Враништа се обидел да силува 10- годишно девојче, информираат од МВР. Имено, лицето И.Т.(29) од Либражд Албанија го следел 10- годишното девојче во месноста Црковни ливади кое одело накај својот дом. Во еден момент девојчето се завртело кон него и го прашала дали бара некого, на што тој на албански јазик и одговорил, потоа ја фатил за левата рака, го откопчал патентот од неговите пантолони и започнал да ја допира. Девојчето почнало да плаче и да го моли да не и’ прави ништо, по што му побегнала и се упатила во правец кон...

Continue reading

знак

Поради минирање прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево кај селото Врбјани

Post Views: 1 Од Авто Мото Сојузот на Македонија информираат дека утре ќе има прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид. Ќе се работи на патот на делницата помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани. Прекинот ќе биде поради извршување градежни работи на патот помеѓу 12 и 14 часот.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top